Италијанското архитектонско студио Park Associati создаде интересен проект, по молба на познатата компанија “Electrolux”. Станува збор за монтажен објект, кој го добил името “ The cube”, а кој ќе послужи како мал ресторан во текот на повеќемесечното патување низ Европа.
Овој објект е всушност дел од компанијата “Electrolux” да промовира свои уреди низ исклучително современа отворена кујна којќе биде централен дел на овој ресторан. Меѓутоа, улогата на архитектурата во овој проект е да креира привремена монтажна структура, која ќе одговара на најразличните климатски услови бидејќи ќе биде монтирана во период кој ќе се состои од по три месеци во Белгија, Италија, Швајцарија, Шведска и Русија.
Објектот е монтиран и официјално е отворен во Брисел, и тоа на прочуената капија на паркот “Parc du Cinquntenaire”
Станува збор за структурна површина од 140 квадратни метри со додатни 50 квадратни метри на балконот. Внатрешноста се состои од голема отворена кујна, каде што најпознатите светски кувари ќе приготвуваат јадења од своите менија пред гостите, приредувајќи одреден спектакл. Гостите имаат на располагање една долга маса, на која ќе може да седнат 12 луѓе + 6 на балконот.
Овој павилјон е многу интересен, заради својата современа естетика, која потсетува на привремената структура на сајмотвите и изложбите, но и комплексната конструкција на една зграда. Промислената архитектура се согледува во беспрекорната и воочлива естетика, и разрабоотените детали на конструкцијата кои овозможуваат исклучително брзо расклопување,брз транспорт и брза монтажа.
Архитектура - Светска архитектура

| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Architecture is a art when one consciously or unconsciously creates aesthetic emotion in the atmosphere and when this environment produces well being.Luis Barragan