Архитектурата како социјален двигател

Архитектура - Светска архитектура



Претходниот месец официјално е завршена реализацијата на проектот на студиото  “David Baker and Partners”  кој го трансформира стариот индиски блок во мала современа станбена населба. Станува збор за комбинација на тесно збиени куќи (townhouse), кои се карактеристични за Сан Франциско, каде проектот и е реализиран.



Сепак, одреден дел од овој блок е наменет за стари лица. Целта на овој проект беше обид за обезбедување на ефтини станови за постари луѓе, кои нема да живеат во изолација, како и обезбедување на куќи, кои ќе понудат  тесно врзана заедница со богати јавни содржини. Иако станува збор за некогашниот индустриски  дел на градот, многу блиску се наоѓа станицата на  брзата железничка,  како и сите неопходни училишта и клиничкиот центар.




Шареноликиот колорит, всушност има место во својата историја на овој дел од градот кој е познат по тоа што бил населен со африканско-американско население. Боите и симболите на објектите ги евоцираат овие спомени и инспирирани се со шари на текстил од африкански племиња и нивните симболи.За архитектонскиот облик постои извесна разлика меѓу целината за старото население и куќите за останатите. За старите клиенти се обезбедени неколку повеќеспратни згради, каде што клиентот може да изнајми станбена целина која му одговара.




Покрај тоа, со овој проект градот воведе дел на нова социјална политика, така да цените за изнајмување на стан изнесуваат од 0 до околу 600 долари.
Останатиот дел на блокот е создаден од тесно збиени, но пространи куќи кои се наменети за продажба и издавање. Правени се за повеќечлено семејство бидејќи нудат три или четири спални соби. Очекувано, големо присуство на деца може да се видат по парковите, шеталиштата игралиштата кои се многу креативни и уредени се со фантазија.












Добра мисла

Architecture can't fully represent the chaos and turmoil that are part of the human personality, but you need to put some of that turmoil into the architecture, or it isn't real.

Frank Stella


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 49 гости присутни