Bubble Deck - Биаксиaлни платформи, бетон исполнет со меури

Архитектура - Светска архитектура



Универзитетот во Висконсин „Мадисон“ (University of Wisconsin-Madison) имаше едноставна желба за изградба на арената La Bahn со површина од 9.475m2 во вредност од 27,5 милиони американски долари претставувајќи предизвик за инженерските изведувачи.

„Сакаа да добијат што е можно повеќе отворен простор во машката и женската хокејска соблекувална” вели Дејв Бек Ангел ( Davе Back Angel), извршниот потпретседател на претпријатието J.H. Findorff & Son, главниот изведувач на проектот. „Со класичните бетонски плочи беше прилично дебело и се испречи нискиот плафон“.

По анализата на можностите, проектниот тим одлучи да користи Bubble Deck, нетрадиционален систем на бетонски плочи кој употребува пластични меури со подеднаква оддалеченост со што би се намалила количината на бетонот во плочата. Благодарејќи на празнината во Bubble Deck употребата на бетонот може да биде намалена за 30% во споредба со класично излеана плоча.La Bahn арената ќе биде прв американски објект на кој се употребува Bubble Deck.

“Го проучувавме некое време Bubble Deck”, вели Ден Видорски (Dan Widorski), статичар во GRAEF, и одговорен инженер на проектот и консултант во Bubble Deck North America. Нашироко се користи во Европа и Канада но не и во САД, и ние мислевме дека овој проект би нашол совршена примена”.

Пластичните топки и префабрикованите челични боксови би можеле да бидат склопени на локацијата, но повеќето корисници избраа можност да им се испорача на локацијата на префабрикованите бетонски панели кои би заштедиле време вели Џери Кларк Ејмс (Jerry Clarke Ames), претседател на Bubble Deck North America.

“Користењето на префабрикуваните панели ја поништува потребата за било каква исплата и ни овозможува да работиме со механичари, електричари и водоинсталери како би инсталирале кошулици и водови”. Moжеме да постигнеме време на инсталација слично со челикот.

Во август екипите поставија 1200м2 Bubble Deck панели во Арената со распон од 12м. Областа на која се работеше беше исто така пристап за Cohl Center спопртска арена и беше приоритет. Многу од тоа беше префабрикувано од складот, те можеа да го направат многу брзо. Осумдесет проценти на челик е пренапрегнато.


Bubble Deck не е за секој проект “ Овој проект добро му дојде на Bubble Deck но не одговара во секоја ситуација” вели Том Свини, од претпријатието Findorff “. Во класична плоча од 20-25 см има околу 10-15 % помалку бетон. Како расте цената на бетонот решението станува поодржливо. Според податоците од претпријатието Flidorff со употребата на Bubble Deck на проектот, сопственикот заштедил околу 25000 долари.

Одржливоста и строгите правила за заштитата за животна средина се главна причина за релативниот успех на Bubble Deck во Европа. “Со употребата на помалку бетон ова станува зелен производ” вели Клерк Ејмс. Овдешната индустрија е вклучена во LEED стандардите а потребни ни се нови цели за да постигнеме поголеми работи. Навистина би требало да постои признание по лизгачкото скалило за намалена употреба на бетон”.


Се очекува La Bahn Арената да добие LEED Silver ocean а да биде завршена 2012 година. “Bubble Deck може да ја направи одржлива во повеќеспратна примена но и за намалување на количината на бетонот. Тоа е шанса за статичарите да направат идржлива зграда”.

ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

Escape from the architecture ghetto is one of the major drivers and has been from the very beginning.

Rem Koolhaas


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 87 гости присутни