Marcio Kogan - Paraty House, Brazil

Архитектура - Светска архитектура

Елегантна, мирна, минималистичка, чиста,убава и фасцинантна се едни од придавките кои може да се користат за опишување на резиденцијалната „Куќа Парати“ што ја проектираше архитектот Марсио Коган.Величествена, аеродинамична резиденција  мора да служи како урбанистичка противмерка на некој вид, вели бразилскиот архитект кој цитиран кажува  дека сака неговиот роден град Сао Паоло да го споредува со   Њујорк, бидејќи тие се слични во нивната хаотична грдотија,гледајќи и осврнувајќи се на тоа како симпатизер на  „енергијата“, урбаниот  хаос и мулти-културното население во градот.

Надвор од овој хаос,искажан во една хумористична  и саркастична иконотација, овој бразилски ум, е воедно симаптизер и љубител на филмската уметност.Неговите рецензенти, аналитичари и критичари честопати го споредуваат со делата и архитектурата на Ludwig Mies van der Rohe, Frank Lloyd Wright или нивните современици,за да едноставно им одговори дека неговата инспирација лежи многу повеќе во делата на филмските генијалци од типот на : Ingmar Bergman, Federico Fellini или пак сликарот Andy Warhol.

Сепак, 57-годишниот луциден бразилски архитект Марсио Коган има став и кон модернистичкиот пристап на архитектурата, опишувајќи ја работата на неговите колеги од Бразил - Lucio Costa, Oscar Niemeyer, Lina Bo Bardi и Vilanova Artigas - едноставно како неверојатна.

Куќата Парари  претсавена на фотографиите подоле, се наоѓа на еден од стотиците мали острови што се наоѓаат во близина на Рио.Пред да биде завршена Коган изјавил дека тоа му е омилен проект и омилена куќа.Се состои од два продолжени квадари, кои се поставени еден врз друг поврзани со комуникации(скалила) сакајќи да се втурнат вметнат во ридската инфраструктура  што се наоѓа позади нив.

Нејзината елеганција доаѓа од стабилната врска помеѓу тоа што е внатре и надвор, од употребата на природното дрво, камен и вегетација, и од минималистичката пејсажна перспективна форма , што ги прави делата на Коган толку многу впечатливи. Во манирот на  стил-du-jour, ова е сигурно еден од неговите најдобри примери.














[Marcio Kogan]
Архитект.мк
Игор Василевски

Добра мисла

I strive for an architecture from which nothing can be taken away.

Helmut Jahn


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 49 гости присутни