Павиљонот е решен како пловен објект - пловечки изложбен простор што може да се дислоцира во други градови. Тоа е еволуција во архитектурата-футуристички адаптибилен станбен објект што може да се приспособи за опслужување на не толку спознаената иднина. Неговата генијалност ќе го охрабри мултидисциплинарното решавање на проблемите, преку одржливи солуции.
Концептот овозможува еволуција на шематски дизајн кој е жив, адаптивен и реактивен на океанските услови. Има за цел да создаде еден силен израз на изложување на тема "Жив Океан и живо крајбрежје". Закотвена кон брегот како жив организам, адаптирајќи се со плимата, тој ни илустрира цврста врска и меѓузависност на океанот и крајбрежниот еко систем.
Yeosu е нов млад град кој бара радикално нова метафора. Овој водоземски,амфибиски павиљон ги понесува метафорите на промени како арката на новиот свет, позитивна порака за идните генерации, нудејќи платформа за луѓето да соработуваат и да создаваат современи дела. Истиот беше подлежен на тестови за одржливост и конзервација, овозможувајќи продолжување на употреба на овој амфибиски флуид низ светот веднаш по завршувањето на саемот за светска архитектура и достигнувања.
Проектите и изложбите на модели и павиљони од овој карактер се секогаш возбудливи и носат со себе еден нов бран архитекти (Винсент Калебо за кого пишувавме во една од претходните статии), но воедно носат и нови креативни содржани идеи и концепти кои денеска ни се можеби туѓи, но утре ќе бидат реалност на која ќе мора да се прилагодиме.
Архитектура - Светска архитектура
Флуид - амфибискиот павиљон е дело на австралиското студио Peddle Thorp Architects проект кој ќе биде промовиран на светскиот саем за архитектура што ќе се одржи во Јеосу, Кореа 2012 година. Овој павиљон се прокламира како прототип во архитектурата, и претставува комбинација и сублимат од мултидисциплинарен извор на дизајн на урбанистичкото планирање, архитектура и поморски дизајн.Павиљонот е решен како пловен објект - пловечки изложбен простор што може да се дислоцира во други градови. Тоа е еволуција во архитектурата-футуристички адаптибилен станбен објект што може да се приспособи за опслужување на не толку спознаената иднина. Неговата генијалност ќе го охрабри мултидисциплинарното решавање на проблемите, преку одржливи солуции.
Концептот овозможува еволуција на шематски дизајн кој е жив, адаптивен и реактивен на океанските услови. Има за цел да создаде еден силен израз на изложување на тема "Жив Океан и живо крајбрежје". Закотвена кон брегот како жив организам, адаптирајќи се со плимата, тој ни илустрира цврста врска и меѓузависност на океанот и крајбрежниот еко систем.
Yeosu е нов млад град кој бара радикално нова метафора. Овој водоземски,амфибиски павиљон ги понесува метафорите на промени како арката на новиот свет, позитивна порака за идните генерации, нудејќи платформа за луѓето да соработуваат и да создаваат современи дела. Истиот беше подлежен на тестови за одржливост и конзервација, овозможувајќи продолжување на употреба на овој амфибиски флуид низ светот веднаш по завршувањето на саемот за светска архитектура и достигнувања.
Проектите и изложбите на модели и павиљони од овој карактер се секогаш возбудливи и носат со себе еден нов бран архитекти (Винсент Калебо за кого пишувавме во една од претходните статии), но воедно носат и нови креативни содржани идеи и концепти кои денеска ни се можеби туѓи, но утре ќе бидат реалност на која ќе мора да се прилагодиме.
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
I left science, then I went into art, but I approach things very analytically. I choose to pursue both art and architecture as completely separate fields rather than merging them.Maya Lin





