Продажбата на автомобили денеска подразбира и рамноправна компетитивност со останатите производители а оваа реномирана фирма секогаш тоа добро го потврдува знаејќи дека еден од начините на докажување и промовирање е токму преку архитектурата и нејзините можности.
Егзибиционистичкиот објект кој го проектираше архитектонското студио од Виена CoopHimmelb(l)au, кој со своите криви форми и нагласен футуризам ги задоволи потребите кои што BMW ги поставија како услов на интернационалниот конкурс за овој проект на кој што учествуваа 27 автори. На овој конкурс учествуваа реномирани архитектонски фирми и архитекти како Zaha Hadid, Morphosis, MVRDV, Sauerbruch Hutton Architekten, Jürgen Mayer H. и Dominique Perrault.
Паролата која го опишуваше овој објект на конкурсот беше : моќен, динамичен, провокативен, привлечен, близок со радоста и среќата. Карактеристечен дел во формата на победничкиот проект е аголот со рампи кој се извива од својот корпус со динамична форма и ја симболизира брзината и динамиката во возењето, и на тој начин симболично ги обединува архитектурата и авто-мото индустријата.
Архитектура - Светска архитектура
Архтиектурата стана неодминлив дел во авто-мото индустријата, преку која реномираните производители ја демонстрираат својата моќ. BMW во Минхен го отвори својот мега проект вреден стотина милиони евра, објект кој многумина ги остави без здив.Продажбата на автомобили денеска подразбира и рамноправна компетитивност со останатите производители а оваа реномирана фирма секогаш тоа добро го потврдува знаејќи дека еден од начините на докажување и промовирање е токму преку архитектурата и нејзините можности.
Егзибиционистичкиот објект кој го проектираше архитектонското студио од Виена CoopHimmelb(l)au, кој со своите криви форми и нагласен футуризам ги задоволи потребите кои што BMW ги поставија како услов на интернационалниот конкурс за овој проект на кој што учествуваа 27 автори. На овој конкурс учествуваа реномирани архитектонски фирми и архитекти како Zaha Hadid, Morphosis, MVRDV, Sauerbruch Hutton Architekten, Jürgen Mayer H. и Dominique Perrault.
Паролата која го опишуваше овој објект на конкурсот беше : моќен, динамичен, провокативен, привлечен, близок со радоста и среќата. Карактеристечен дел во формата на победничкиот проект е аголот со рампи кој се извива од својот корпус со динамична форма и ја симболизира брзината и динамиката во возењето, и на тој начин симболично ги обединува архитектурата и авто-мото индустријата.
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Architecture arouses sentiments in man. The architect's task therefore, is to make those sentiments more precise.Adolf Loos





