Театарскиот комплекс на студиото Набито сместен во Фросионе, Италија има за цел да ги спои театарот и градската куќа, две институции кои имаат тенденција да бидат обединити во една, создавајќи мултинаменски објект во кој културните манифестации и интересите од јавен карактер ќе бидат во интердисциплинарен однос. Објектот е поделен на три сегменти и пристапот до секој од нив е преку благи рампи кои се претопуваат во природно разеленетата околина што го опкружува.
Првиот сегмент се состои од приемен дел и главен влез воедно, простор проектиран на повеќе нивоа во кој се сместени библиотеката, читалната просториите за музика и добро снабдената продавница со интегрирано кафуле.
Вториот сегмент е во служба на сервисните функции, каде артистите можат да ги користат условите потребни за сите подготовки и настапи, како вежбални, фитнес сали и слично. Овој сегмент служи како релација за припојување на првиот сегмент со последниот.
Третиот сегмент е делот каде што е сместен аудиториумот во кој се пристапува преку широко и просторно фоаје. Сите три сегменти се поврзани меѓусебно обединувајќи го добро организираниот простор, кој завршува со вертикална кубична форма во која се сместени сите технички и административни дејности.
Архитектура - Светска архитектура

| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
I would fix other people's lines if they asked me on occasion. The hard part of writing is the architecture of it, getting the story and structuring it. Not the tweaking of lines.William Devane