Објектот е карактеристичен по својата ѕвездена типологија, односно интерфејсот кој е барељефен и кој што се претопува од екстериерот кон ентериерот со што разликите помеѓу тоа што е надвор и внатре се заменуваат со сличности.
Ѕвездена Типологија - сличностите наспроти разликите
Овој проект на фирмата 3.1 Phillip Lim е дел од глобалната roll-out кампања, која ќе вклучи многу светски локации. Свесни за фактот на неизбежното повторување, потребно за една комерцијална експанзија, типологијата на продавницата како предводник се карактеризира со симултани сличности и разлики.
Типичното, доследно повторување на брендот ја карактеризира неопходноста да се зајакне идентитетот, а секоја новина може да ја освежи аурата и желбата за бренд преку нови архитектонски проекти. Во конкретниов случај на клиентот, кој претставува релативно нова модна куќа отворена во 2004 година, потенцирана беше потребата да се воспостави читлива конзистентност , со цел да ги обедини различните постоечки дуќани во Њујорк, Лос Анџелес и Токио.
Архитект.мк
Игор Василевски
Архитектура - Светска архитектура
Вториот предводник на фирмата 3.1 Phillip Lim е дизајниран од Leong Leong Architecture и се наоѓа во Cheongdam, Сеул во округот за високата мода. Во период од осум месеци, Leong Leong го дизајнираше и изгради овој објект кој се протега на 550 квадратни метри и претставува продавница подигната на четири нивоа.Објектот е карактеристичен по својата ѕвездена типологија, односно интерфејсот кој е барељефен и кој што се претопува од екстериерот кон ентериерот со што разликите помеѓу тоа што е надвор и внатре се заменуваат со сличности.
Ѕвездена Типологија - сличностите наспроти разликите
Овој проект на фирмата 3.1 Phillip Lim е дел од глобалната roll-out кампања, која ќе вклучи многу светски локации. Свесни за фактот на неизбежното повторување, потребно за една комерцијална експанзија, типологијата на продавницата како предводник се карактеризира со симултани сличности и разлики.
Типичното, доследно повторување на брендот ја карактеризира неопходноста да се зајакне идентитетот, а секоја новина може да ја освежи аурата и желбата за бренд преку нови архитектонски проекти. Во конкретниов случај на клиентот, кој претставува релативно нова модна куќа отворена во 2004 година, потенцирана беше потребата да се воспостави читлива конзистентност , со цел да ги обедини различните постоечки дуќани во Њујорк, Лос Анџелес и Токио.
Архитект.мк
Игор Василевски
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
I would like my architecture to inspire people to use their own resources, to move into the future.Tadao Ando





