Фасадата е дефинирана и изразена преку два материјала, едниот овозможува траснпарентна површина која создава визури преку објектот а другиот материјал е матинирана лимена површина која ја дефинира рамката на објектот и го штити ентериерот од соларно зрачење.Ентериерот наспроти строгите линии од екстериерот е главно од природни материјали во кој што доминираат дрвото и создава чувство на топлина во внатрешноста на објектот.
Објектот има разиграна фасада со кубични форми и конзолни испуштања, ориентирани на сите страни, а во него јасно се чита современиот проектантски израз на архитектите. Подигнат на три нивоа и едно меѓу ниво на површина од 1300 метри квадратни е објект со динамичен, впечатлив и допадлив израз кој не можевме а да не го забележиме на нашиот сајт.
Архитектура - Светска архитектура
Мексиканскиот тим од архитекти Jorge Cajiga, Raúl Rodríguez, Roberto Villarreal и Reyes Baeza го презентираше својот последен проект наречен Darcons. Сместен е во предградието на градот Делициас во Мексико. Проектот е замилсен како визуелна рамка која ќе ги опфаќа и дефинира пејсажните визури но во истовреме ќе претставува и површина која ги разграничува предградитето и градското ткиво, односно урбаниот интерфејс наспроти руралниот.Фасадата е дефинирана и изразена преку два материјала, едниот овозможува траснпарентна површина која создава визури преку објектот а другиот материјал е матинирана лимена површина која ја дефинира рамката на објектот и го штити ентериерот од соларно зрачење.Ентериерот наспроти строгите линии од екстериерот е главно од природни материјали во кој што доминираат дрвото и создава чувство на топлина во внатрешноста на објектот.
Објектот има разиграна фасада со кубични форми и конзолни испуштања, ориентирани на сите страни, а во него јасно се чита современиот проектантски израз на архитектите. Подигнат на три нивоа и едно меѓу ниво на површина од 1300 метри квадратни е објект со динамичен, впечатлив и допадлив израз кој не можевме а да не го забележиме на нашиот сајт.
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
First, there is the bare beauty of the logs themselves with their long lines and firm curves. Then there is the open charm felt of the structural features which are not hidden under plaster and ornament, but are clearly revealed, a charm felt in Japanese architecture.Gustav Stickley





