Sunlay Design - „Гулаб на мирот“ Ордос, Кина

Архитектура - Светска архитектура

Кинеското студио Sunlay Design дизјанираше црква наречена „Гулаб на мирот“ претставувајќи на нејзината основа  профил од птица во лет. Ситуирана е на ридест терен во централна Монголија во областа Ордос.

Во овој објект интересна е  комбинацијата на бетонскиот материјал од кој е изградена оваа црква во сооднос со водените базенски површини, кои се наоѓаат во непосредна близина на црквата.Они ја симболизираат мекоста на овој цврст материјал огледан  преку рефлексијата на водените површини.

Отворите во надворешните ѕидови создаваат интимна игра на светлината и сенките во просторот. Нејзината динамична форма ја следи заоблената патека која поминува низ локалитетот.

Дијалогот помеѓу надворешниот и внатрешниот простор е нагласен преку играта на светло/темно кој создава длабочинска комплексност во читањето на просторот. Нејзините елементи создаваат хармонија и спокојство во овој објект од религиозен каракртер.

Архитект.мк
Игор Василевски

Добра мисла

Architecture is politics.

Mitchell Kapor


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 45 гости присутни