Архитектура - Светска архитектура
Едно од најпрогресивните архитектонски студија на денешницата несомнено е студиото “Емергент” на Tom Wiscombe. Основано е 1999 г. како платформа за експериментирање во архитектурата, комплетно посветена кон трансфер на техники, логики како и сензибилитети од науката и технологијата.
Tom Wiscombe претходно бил сениор дизајнер и партнер проектант во Coop Himmelblau, десна рака на Wolf Prix цели 10 години. Тој бил одговорен за многу интернационално признати проекти како палатата на киното UFA во Дрезден, Музејот во Лион, итн.
Примарната цел на Емергент е да биде пред категоричното мислење и стратификацијата на градежните системи кон поинтегрирана иднина. Ова вклучува преиспитување на одредени востановени хиерархии и дискреции на системи кон кохерентни хетерогени организации. Секој од нив поединечно се интересира како одредени карактеристики и однесувања на структурата, габаритот и осветлувањето може да бидат употребени за да се продуцираат формални, просторни и атмосферски ефекти.
Тие повеќе преферираат да се фокусираат на богатите,егзотични, синергетски ефекти отколку само автоматски да ги дизајнираат објектите во лабораторија.
- Филип Марјановиќ,диа
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Every man's work, whether it be literature, or music or pictures or architecture or anything else, is always a portrait of himself.Samuel Butler





