Архитектура - Светска архитектура
Уметницата Zhang Jin Jie далечната 1997 година посака за себе, и за своите пријатели уметници и музичари да направи едно мирно место, во кое ќе можат да се собираат, разговараат и пијат чај. Ништо особено - една чајна куќа со три маси и стола.Пет години подоцна, делото на JinR ( псевдоним на Zhang Jin Jie) направи мала револуција кога станува збор за рестораните во Пекинг, а Green Tea House како што се вика ресторанот, стана прав културен бренд во Пекинг. Таа од страната на Time Magazinе беше прогласена за прва позната личност-куварка во Кина.
Секако, ова не беше доволно за досетливата JinR, па така во 2005 година, препуштајќи се на својата визија, го отвори познатиот "Green Tea House Living concept", како несекојдневен спој на уметноста, социјалните друштва кои што ја опкружуваат и културата. Во превод - место каде што може да се конзумира вкусен оброк, да се реализира прием, или едноставно да се ужива во просторијата за уникатни спа третмани. Секако, и да се ужива во чаша чај за смирување.
Архитект.мк
Игор Василевски
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Architecture theory is very interesting.David Byrne





