Имено оваа цевка ќе доведува вода, која ќе има за задача со специјален систем да биде распрскувана по фасадната површина. За таа цел и на самата фасада, која што има структурален изглед, ќе бидат поставени гео-цевки. Овие цевки, преплетени со конструктивниот систем на фасадата, имаат својство да ја сочуваат солта, која за одреден временски интервал, ќе создаде нова површина, што видно ќе го измени интерфејсот на фасадата.
Овој посебен процес на систематско наводнување што иницира одлевање на водени наноси и создавање на нови рељефни пластови од соли по површината на целата фасада, е новитет во градежната технологија, за кој се смета дека во блиска иднина честопати ќе биде користен од страна на архитектите, како ново изразно средсво во создавање на форми инспирирани од природните ресурси кои што ги опкружуваат.








Архитект.мк
Игор Василевски
Архитектура - Светска архитектура
Инсталирана подземна гео-цевка до Персискиот Залив, кој се наоѓа во непосредна близина на објектот, преку која ќе се доведува вода што содржи органски соли, е само дел од концептот што архитектонското биро „Faulders studio“, го замисли во својот последен проект за потребите на една повеќекатница во Дубаи.Имено оваа цевка ќе доведува вода, која ќе има за задача со специјален систем да биде распрскувана по фасадната површина. За таа цел и на самата фасада, која што има структурален изглед, ќе бидат поставени гео-цевки. Овие цевки, преплетени со конструктивниот систем на фасадата, имаат својство да ја сочуваат солта, која за одреден временски интервал, ќе создаде нова површина, што видно ќе го измени интерфејсот на фасадата.
Овој посебен процес на систематско наводнување што иницира одлевање на водени наноси и создавање на нови рељефни пластови од соли по површината на целата фасада, е новитет во градежната технологија, за кој се смета дека во блиска иднина честопати ќе биде користен од страна на архитектите, како ново изразно средсво во создавање на форми инспирирани од природните ресурси кои што ги опкружуваат.








Игор Василевски
| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
I don't believe in morality in architecture.Michael Graves





