Архитектура - Светска архитектура
Тихуана е град кој што се наоѓа во Мексико, град кој е во трка со времето, трудејки се да биде во чекор со луѓето, кои му се приближуваат со огромен интензитет. Тој нуди моќ на контрасти, обвиткани,преслечени во старо и ново, бара и создава од ништо-нешто.Таков е и случајот со екукативниот центар, изграден од старо дрво и релативно ефтини префабрикувани бетонски елементи.Дрвената фасада е третирана тенденциозно да не се идентификува со она што го нуди објектот, туку на креативен начин ги поканува љубопитните посетители сами да го откријат плоштадот во внатрешноста низ кој полека тече вода која го повикува сонцето да заигра на нејзината површина. . Светлината рефлектира врз несовршените ѕидови кои го карактеризираат минувањето на времето.
Патешествиео продолжува низ тесен ходник со минимална широчина колку за еден човек.Овој тесен ходник создава чувство за она што го нуди објектот, светлината која паѓа на ѕидовите тишината во ходниците која допринесува за дополнителна мистерија на небото.
Овој пат скршнува и води до водена маса и потоната градина. Водената површина пред вас се пенливо прелева за да само неколку секунди повторно стане мирна. Овде имате чувство дека времето стои додека аралијата и понатаму расте. Веднаш до овој простор е пространа соба со архива од книги. Лизгајќи, стаклените врати се отвораат и го соединуваат екстериерот,со цел да се обедини целовкупниот простор.
Светлината патува преку градината и наидува на отвор меѓу два ѕида каде што доаѓате до скала која ви нуди огромна површина. Свртувајќи на аголот скалите ве водат кон непознат простор кој е потемен од останатите. Овој простор го чува посетителот се додека ѕидот не се отвори кон градината на покривот. Домашните разновидни кактуси се хранат со сончеви зраци, како дел од прекрасната тераса, додека патеката од ситни камчиња ве води кон платформата, опколена со рузмарин.
Денот завршува во слична просторија како света одаја , која нуди повеќе од површина за пишување и простор за книги. Оваа приватност му нуди на посетителот простор каде ќе дочека уште еден исполнет ден со самостојна анализа на сопствените мисли.
Игор Василевски
Игор Василевски
| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
I see architecture not as Gropius did, as a moral venture, as truth, but as invention, in the same way that poetry or music or painting is invention.Michael Graves





