Daniel Libeskind - „Grand Canal Square“ Театар и објект за комерцијална намена

Архитектура - Светска архитектура

На пристаништето во Даблин штотуку заврши изградбата на еден импозантен театар придружен со два соседни објекти, кои би требало да функционираат како комерцијални објекти, менувајќи го претходниот концепт на оваа парцела, и создавајќи нов визуелен фокус, во кој плоштадот и театарот ќе го имаат главниот акцент.

Овој проект што го проектираше Даниел Либескинд, а неговото решение е базирано на сценски концепт, во кој сцената на тетарот, сцената на лобито што се наоѓа над плоштадот како и сцената на самиот плоштад ќе бидат трите носечки точки во овој проект кој се простира на 34.838 метри квадратни површина во кои само театарот завзема површина од над 10.000 метри квадратни со капацитет од над 2000 седишта.

Покрај импозантните бројки, за кои сметаме дека и нема толку гомема потреба да говориме, сакаме да обрнеме вниамние на архитектонскиот пристап во решавањето на самата парцела, во која фронталната фасада на овој театар се однесува како сцена во однос на плоштадот кој пак е третиран како отворено лоби од јавен карактер во кој транспарентните застаклени фасади од левата и десната страна (едниот објект е хотел со пет ѕвезди, а другиот се резиденцијални простори и административни канцеларии). Функционалниот третман во дизјанирањето на вакви „мулти-транспарентни застаклени атиумски јавни површини“ плоштадот добива нови урбани карактеристики, адекватни во современата интерпретација на архитектурата во Даблин.






























Архитект.мк
Игор Василевски


Добра мисла

Each new situation requires a new architecture.

Jean Nouvel


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 51 гости присутни