Инаку, Прицкеровата награда се доделува како резултат на иновативниот квалитет на архитектот, како и префинетоста на архитектонската мисла со која се остварени архитектонските дела. Своја улога играат и придонесите кон интеграцијата на добрата употреба на градежна технологија.
Со овогодинешните лаурети, Јапонија гордо ќе може да се пофали со трета Прицкерова медала, првата ја доби Кензо Танге во 1987 година а втората Фумихико Маки во 1993 година.
За SANAA и нивниот последен проект Ролекс - центарот за изучување што го направија мината година во Лозана, Швајцарија говоревме во една од минатите статии. Други значајни објекти кои што ги имаат направено се и Музејот-О, направен во Нагано 1999 година, Музејот за Современа Уметност во Ишикава, Јапонија, во 2004 година, Училиштето за менаџмент и дизајн во Есен, Германија, во 2006 година, Стаклениот павиљон Толедо во Охајо во 2006 година, Музејот на Современа Уметност во Њујорк 2007 година.
Доколку сакате да го превземете каталогот со нивните најзначајни објекти кликнете тука
Архитект.мк
Архитектура - Светска архитектура
Јапонците Kazuyo Sejima и Ryue Nishizawa или подобро познати под името на нивното архитектонско студио SANAA, се добитници на престижната награда Прицкер, која што се доделува секоја година на архитекти кои што имаат постигнато посебен придонес во архитектурата. Каталогот од фотографии на нивните најзначајни архитектонски дела во целост можете да го погледате тука.Инаку, Прицкеровата награда се доделува како резултат на иновативниот квалитет на архитектот, како и префинетоста на архитектонската мисла со која се остварени архитектонските дела. Своја улога играат и придонесите кон интеграцијата на добрата употреба на градежна технологија.
Со овогодинешните лаурети, Јапонија гордо ќе може да се пофали со трета Прицкерова медала, првата ја доби Кензо Танге во 1987 година а втората Фумихико Маки во 1993 година.
За SANAA и нивниот последен проект Ролекс - центарот за изучување што го направија мината година во Лозана, Швајцарија говоревме во една од минатите статии. Други значајни објекти кои што ги имаат направено се и Музејот-О, направен во Нагано 1999 година, Музејот за Современа Уметност во Ишикава, Јапонија, во 2004 година, Училиштето за менаџмент и дизајн во Есен, Германија, во 2006 година, Стаклениот павиљон Толедо во Охајо во 2006 година, Музејот на Современа Уметност во Њујорк 2007 година.
Доколку сакате да го превземете каталогот со нивните најзначајни објекти кликнете тука
Архитект.мк
Игор Василевски
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Architecture is a science arising out of many other sciences, and adorned with much and varied learning; by the help of which a judgment is formed of those works which are the result of other arts.Marcus V. Pollio





