Проектот е дело на реномираниот архитект Moshe Safdie, по потекло од Палестина, кој во својата младост емигрираше во Монтреал, Канада. Moshe Safdie светската јавност го памти по низа успешни проекти, меѓу кој и станбениот павиљон изграден во Монтреал - Habitat 67.
Песочната марина во Сингапур е комплекс кој се протега на 560,000 m2 , се состои од три кули кои се подигнати на 55 нивоа, во кои ќе бидат сместени лускузни хотели со над 2500 хотелски соби придружени со луксузно касино, шопинг центар, канцеларии и низа пропратни простории како кино сали, продавници, административни канцеларии и слично.
На врвот од овие кули се наоѓа „Sands Sky Park“ шеталиште и парк кое ги обединува и врзува трите облакодери. Sands Sky Park ќе претставува своевидна атракција која по својата должина е поголема од височината на Ајфеловата кула, и место каде што покрај угостителските услуги ќе може да уживате во спектакуларните панорами и визури на Сингапур. Но најинтересно е што покрај паркот, рестораните и шеталиштето овдека ќе биде изграден и 145 метарски пливачки базен составен од три дела, кој со својот капацитет од 1440 кубни метри вода ќе претставува најдолг и најголем висински базен во светот.
Непосредно пред овие повеќекатници, се изградени уште три објекти во кои ќе бидат сместени театар, сала за конфернеции и сала за изложби. Комплексот од објекти завршува во самата марина, на водена површина каде што е направена платформа на која е изграден Музеј на уметноста и науките, кој има форма на лотусов цвет. Покривот на музејот е ретрактабилен, што значи дека има можност да се вовлекува. Покрај основната функција тој овозможува дождовната вода која што се собира во посебни ќелии да биде активирана, оформувајќи водени фонтани пропратени со ласерска анимација.
За комплексот „Песоча марина во Сингапур“, нејзините изведувачи ARUP( фирма која ги изведува објектите на архитекти како Норман Фостер, Заха Хадид или Херцог и Де Мирон), изјавија дека е најсложениот комплекс што некогаш го направиле, а за неговата изработка беа активирани 10.000 работници и 8 милијарди Сингапурски долари.
Архитектура - Светска архитектура
Комплексот на Песочата марина во Сингапур, се очекува да биде отворен кон крајот на овој месец, а самото отворање предизвикува возбуда, од причина што се работи за еден од најкомплексните објекти до сега изведени. Всушност официјалното отворање беше предвидено за месец декември, минатата година, но градежните проблеми во изведбата го пролонгираа датумот за неколку месеци покасно.Проектот е дело на реномираниот архитект Moshe Safdie, по потекло од Палестина, кој во својата младост емигрираше во Монтреал, Канада. Moshe Safdie светската јавност го памти по низа успешни проекти, меѓу кој и станбениот павиљон изграден во Монтреал - Habitat 67.
Песочната марина во Сингапур е комплекс кој се протега на 560,000 m2 , се состои од три кули кои се подигнати на 55 нивоа, во кои ќе бидат сместени лускузни хотели со над 2500 хотелски соби придружени со луксузно касино, шопинг центар, канцеларии и низа пропратни простории како кино сали, продавници, административни канцеларии и слично.
На врвот од овие кули се наоѓа „Sands Sky Park“ шеталиште и парк кое ги обединува и врзува трите облакодери. Sands Sky Park ќе претставува своевидна атракција која по својата должина е поголема од височината на Ајфеловата кула, и место каде што покрај угостителските услуги ќе може да уживате во спектакуларните панорами и визури на Сингапур. Но најинтересно е што покрај паркот, рестораните и шеталиштето овдека ќе биде изграден и 145 метарски пливачки базен составен од три дела, кој со својот капацитет од 1440 кубни метри вода ќе претставува најдолг и најголем висински базен во светот.
Непосредно пред овие повеќекатници, се изградени уште три објекти во кои ќе бидат сместени театар, сала за конфернеции и сала за изложби. Комплексот од објекти завршува во самата марина, на водена површина каде што е направена платформа на која е изграден Музеј на уметноста и науките, кој има форма на лотусов цвет. Покривот на музејот е ретрактабилен, што значи дека има можност да се вовлекува. Покрај основната функција тој овозможува дождовната вода која што се собира во посебни ќелии да биде активирана, оформувајќи водени фонтани пропратени со ласерска анимација.
За комплексот „Песоча марина во Сингапур“, нејзините изведувачи ARUP( фирма која ги изведува објектите на архитекти како Норман Фостер, Заха Хадид или Херцог и Де Мирон), изјавија дека е најсложениот комплекс што некогаш го направиле, а за неговата изработка беа активирани 10.000 работници и 8 милијарди Сингапурски долари.
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
I studied architecture in New York. So, really I was very moved, like everyone else, to try to contribute something that has that resonance and profundity of it means to all of us.Daniel Libeskind





