Објектот е моделиран според крилјата на вилинско коњче, а целта на проектот е создавање на урбани земјоделски фарми кои ќе имаат за цел да го редуцираат времето помеѓу производителите и потрошувачите. Dragonfly е предвиден да совлада 600 метри височина и тоа на 132 нивоа, во кои би биле импутирани, вградени 32 земјоделски полиња за производство на зеленчук, овошје, месо, житарици и млечни производи.
Комбинариниот систем на ветерници и соларни панели, создава услови да го направи овој објект самостоен, односно енергетски независен од градската мрежа, создавајќи енергија за потребите на самиот објект.
Според PNUD (Programme of the United Nations for the Development), создавањето на урбано земјоделство, ќе ги нанправи градовите почисти, поздрави и нормално еколошки места за живеење, избегнувајќи го урбаниот егзодус, а во исто време течниот одпад би се користел како фито-прочистувач што би го компостирал во ѓубриво, а вишокот би се користел за создавање на енергетска био-маса потребна за создавање на фотоволтажни ќелии и други самообновливи енергии.
Архитектура - Светска архитектура
Белгискиот архитект Vincent Callebaut, за кого говоревме кога ги опфативме проектите за Амфибискиот екополис и Фисалиа , повторно пријатно не изненади со неговите креативни и импресивни решенија . Денеска ќе говориме за неговиот проект наречен Dragonfly или ако сакате Вилинско коњче. Проектот претставува идејно решение за вертикална фарма која што според Vincent Callebaut би требало да претставува концепт за новите урбани облакодери во Менхетн, Њујорк.Објектот е моделиран според крилјата на вилинско коњче, а целта на проектот е создавање на урбани земјоделски фарми кои ќе имаат за цел да го редуцираат времето помеѓу производителите и потрошувачите. Dragonfly е предвиден да совлада 600 метри височина и тоа на 132 нивоа, во кои би биле импутирани, вградени 32 земјоделски полиња за производство на зеленчук, овошје, месо, житарици и млечни производи.
Комбинариниот систем на ветерници и соларни панели, создава услови да го направи овој објект самостоен, односно енергетски независен од градската мрежа, создавајќи енергија за потребите на самиот објект.
Според PNUD (Programme of the United Nations for the Development), создавањето на урбано земјоделство, ќе ги нанправи градовите почисти, поздрави и нормално еколошки места за живеење, избегнувајќи го урбаниот егзодус, а во исто време течниот одпад би се користел како фито-прочистувач што би го компостирал во ѓубриво, а вишокот би се користел за создавање на енергетска био-маса потребна за создавање на фотоволтажни ќелии и други самообновливи енергии.
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Architecture tends to consume everything else, it has become one's entire life.Arne Jacobsen





