EXPO 2010 - „BIG“, Данска

Архитектура - Светска архитектура

Данскиот павиљон за Светската изложба во Шнагај е еден од првите проекти кои што беа избрани како победници со нивниот конкурсен труд. Ова дело кое што го реализираше студиото на Бјарке Ингелс, BIG, не е интересно само заради својот специфичен архитектонски конструктивен аспект, туку и заради начинот на кој што ова студио го презентираше данскиот дух.

Во својота концептуална основа, павиљонот претставува циркуларна патека во која што посетителите ќе имаат можност да се возат со еден од 1500 на број достапните велосипеди, чија цел е искачување на самиот врв од павиљонот. На крајот од патеката посетителите имаат можност да се запознаат со вредностите и убавините на данската култура кои што се изразени преку водениот базен во кој е сместена водена површина од крајбрежјето на Копенхаген, за кое се смета дека е најчистото во светот, во кое пак е поставена познатата скулптура „Малата Сирена“ преку чии скромни димензии и елегантен израз посетителите се запознаваат со културните навики, потреби и аспирации на данскот народ.

Покрај овие вредности, овој павиљон ја пренесува пораката за третманот на природната средина која што не опкружува. Бјарке Ингелс вели дека „ еколошката одржливост е често пати поргешно интерпретирана. Луѓето полека почнуваат да сваќаат дека за здрава околина ќе мора да се откажат од низа забавни навики кои реално го попречуваат еколошкиот раст. Токму од овие причини мора да создаваме еколошки дизајн кој со својата атрактивност ќе го привлече вниманието на секој посетител што воедно ќе ни овозможи услови за создавање на живописна архитектонска интервенција во просторот која што пак ќе го подигне квалитетот на живеењето“.

 

























Добра мисла

I probably spent the first 20 years of my life wanting to be as American as possible. Through my 20s, and into my 30s, I began to become aware of how so much of my art and architecture has a decidedly Eastern character.

Maya Lin


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 48 гости присутни