Steven Ma Tze Chung - Покривна размена на енергии

Архитектура - Светска архитектура

Проектот наречен “Ephemeral Roof Exchange“ е еден од најимпресивните концепти кој беше презентиран на неодамна завршениот конкурс за градење на објекти кои ќе претставуваат интерактивна гравитирачка точка за реката Перл во Кина. Оваа локација претставува многу важна точка за морскиот транспорт која ги поврзува Хонг Конг, Макао, и провинцијата Зухаи.


Објектот ќе биде дел од новиот терминален брег на Хонг Конг во кој ќе има специфично дизајнирани колектори за собирање на атмосферска влага, а покрај тоа стои и опцијата за преработка на отпадните води, кои ќе послужат за разладување на просторот во текот на топлите лета. Она што е интересно за овој објект е експерименталната употреба на сиситеми за производство и размена на електрична енергија која користи звук и вибрации кои надоаѓаат од автомобилите, но и од корисниците на просторот.


Објектот ќе поседува три краци кои всушност претставуваат влезови за патниците кои се симнуваат од бродовите од различни региони, ќе ги спојува технолошките, економските и културолошки аспекти на Кина и нејзините соседи во една точка. Една од важните одлики за градење ќе биде еколошки одржлив дизајн, кој ќе користи напредна соларна и хидро технологија за производство на неопходната електрична енергија.


Овој систем ќе биде интегрален дел од асфалтот, како и внатрешното поплочување на терминалот. Творци на овој концептуален дизајн се архитектите Steven Ma Tze Chung, Wendy Fok Wei Yue и Dominik Strzelec.


























ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

I was planning to go into architecture. But when I arrived, architecture was filled up. Acting was right next to it, so I signed up for acting instead.

Gilbert K. Chesterton


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 81 гости присутни