Magén Arquitectos - Центар за заштита на природна околина, Сарагоза

Архитектура - Светска архитектура

Центарот за  заштита на природна околина во Сарагоза доби нов објект а неговите автори се архитектите од студиото Magén Arquitectos. Зградата е сместена во централното градско опкружување, непосредно до мостот Алмозара којшто ја премостува реката Ебро. Локацијата има линеарен карактер уште од периодот на EXPO 2008 кога всушност и беше пренаменето и уредено ова опкружување во функција на овој настан.


Автентичност на локацијата создава и големата висинска разлика од пет метри помеѓу авенијата каде што се наоѓа плоштадот и паркот којшто во подножјето граничи со реката Ебро. Две фундаментални идеи, инпути, кои што претставуваат репери во проектирањето на новиот центар. Едната се однесува на реакцијата која што носи исклучителна важност во постоечкото опкружување на споменатиот енвајромент, односно, потребата за формална конфигурација на зградата која што сугерира снажен однос со постоечкиот пејзаж. Втората идеја,  се однесува на истражувањето на ставовите кон заштитата на природната околина рефлектирана преку архитектурата на самиот објект.


Една од највозбудливите просторни целини во овој објект е секако главниот аудиториум, опкружен со пространи структурални стаклени површини, кои што ни овозможуваат панорамски визури до 180 степени, со поглед кон паркот и реката. Есенцијален елемент во новата зграда е и кровната површина, оформена како простран видиковец со нивелирани височини составени од низа дрвени докови, кои се меѓусебно поврзани со благи рампи. Кровната површина може да служи и како амфитеатар и како место за рекреација. Изборот на материјали претставува видлива презентација на биоклиматскиот фактор, осигурувајќи адекватен и природен однос со непосредното опкружување.

























[Magén Arquitectos]
Архитект.мк
Игор Василевски

ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

Architecture aims at Eternity.

Christopher Wren


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 65 гости присутни