aft Arquitectos - Винарија Наваро Кореас

Архитектура - Светска архитектура

Винската индустриска гранка е производство кое секогаш содржи одредена доза на софистицицираност и предизвикува воодушевување. Процесот на производство на вино во концептот е едноставен со илјадагодишна традиција, но денес некои од неговите сегменти достигнуваат неверојатна деталност  и даваат посебна внимателност, дури и на најмалите делови од прозводството. Денешните производители на виното се обидуваат да ги подмират двете важни карактеристики, совршеност на индустриското производство, комбинирано со мали детали кои создаваат идентитет, односно специјалност  на одредено вино или винарија.


Така е и во Аргентина, куќата на некои од најдобрите светски вина. Во својот за новата винарија Наваро Кореас, сместена во аргентинската провинција Мендоза, архитектите од бирото aft Arquitectos  се обидоа со проектот да ги спојат двете претходно наведени карактеристики, успешно индустриско производство од споменатата фирма односно инкорпорирање на вредностите кои ја карактеризираат  таа винска компанија, посебност на нејзините најексклузивни вина, односно почит спрема извонредното географско опкружување.


Новата  зграда во Lujan de Cuy со површина од 15.000 м2 е сместена во центарот на винаријта со големина од 50 хектари а ќе има простор и за производство на Premium црвено вино со годишна бројка од  4 милиони производтво. Конфигурацијата на проектот е резултат на материјализација на три главни сектори од винското производство обработка на грозјето за ферментација, сектор за исхранување на виното во бачвата, односно простор  за бутеријалните вина. Трите наведени зони се организирани во триаголна форма која го оптимизира нивниот меѓусенбен однос создавајќи препознатлив облик.
















Архитект.мк
Игор Василевски

ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

Architecture is basically a container of something. I hope they will enjoy not so much the teacup, but the tea.

Yoshio Taniguchi


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 39 гости присутни