Eastern Design Office - Планинска просторност, отворен дом

Архитектура - Светска архитектура

Јапонското архитектонско биро Eastern Design Office, се автори на проектот „Mountains & Opening House“, резиденција за живеење која на високо ниво го слави квалитетот на живеењето во корелација со природата. Објектот е ситуиран во планинскиот предел на Такаразука, Јапонија, локација од која се доживуваат можеби најспектакуларните панорамски визури над градот Осака.

На површина од  711.46 m2,  оваа резиденција завзема 361.84m2 со вкупна висинска разлика од 8метри во кои динамичната архитектонска линија со минималистичен предзнак, совршено се вклопува во просторниот планински наклон создавајќи слободен простор, отоворен дом ориентиран кон природното опкружување. Оригиналноста во архитектонскиот пристап создава современ објект кој што преку интересната аналитична призма на овие архитекти го прави објектот фасцинантен.

Можеби најубавато објаснување за оваа куќа лежи во истражувањето на Eastern Design Office, кои во потрага по формата и функцијата на оваа резиденција се раководеше по бројните белешки што ги создадоа во проектниот процес за овој објект.

Еве дел од нив:
- да се биде дел од топлината што ја создава земјата, но и дел од свежината што ја создава небото
- да се гледа сино но да се биде бело
- да си горе а во исто време и доле
- да си далеку но во исто време блиску
- да се биде прикотвен, но и да се лета како птица
- земја, небо, далеку, блиску




































Архитект.мк
Игор Василевски

ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

Architecture is the art of how to waste space.

Philip Johnson


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 69 гости присутни