Градот Беихаи во Кина распиша конкурс за станбен комплекс, кој се наоѓа веднаш до градската плажа, а конкурсната изработка на студиото “МАD” го освои првото место. Познатата кинеска архитектонска фирма “MAD Architects” е творец на урбанистичкиот концепт за развојот на градот Беихаи во Кина, кој наиде на позитивни критики, но и на големи оспорувања.
Овој урбанистички план се состои во комбинација на две типологии на станови, а тоа се високи небодери, и редица помали, приземни објекти. Резултатот на оваа комбинација е големата монолитна структура, која доминира со просторот. Единствените изгледи на објектот произлегуваат од пејзажот на овој регион, кој доминираат планински венци, а необичната внатрешна структура осигурува добар светлосен продор и нов пристап на зелената архитектура.
Воведувањето на зелени површини внатре во самиот објект по зборовите на проектантите, е одлика на главните кинески градители, кои се труделе да одржат рамнотежа меѓу природните и изградените средини. На овој начин, структурата станува вештачки рид, каде што живеат луѓе, праќајки силна еколошка порака, а воедно стануваат и главно обележје на градот. Иако овој урбанистички план свооевремено беше одобрен, до денес се разгледува дали оваа архитектура би пронашла свое место во секојдневниот живот на граѓаните.
Архитектура - Светска архитектура

| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
I love building spaces: architecture, furniture, all of it, probably more than fashion. The development procedure is more tactile. It's about space and form and it's something you can share with other people.Donna Karan