Канцеларискиот простор на следните три ката има моделарен распоред, каде може да се создаде канцеларија од 47,57, и 70 квадратни метра за да се задоволи флексибилноста на просторот. Објектот е во облик на буквата Л со две ламели, каде централен влез на вкрстување е оската на двете ламели. Фасадата има три различни материјализации, односно зелена ( вегетативна) фасада на влезот во објектот, фасада од челични елементи на уличната страна, а на делот на објектот кој е свртен кон дворот,фасадата е материјализирана во дрвени панели. Со време фасадата на објектот ќе доживее промена на изгледот, бидејки металната решетка на уличната фасада всушност е “држачот” за билките кој ќе израсне и со време ќе го прекрие објектот.









Архитектура - Светска архитектура
Проектот “Ex Ducati” вклучуваше развој на целокупната парцела на партерно уредување како и изградба на нов објект за работна намена. Станува збор за централната локација на градот Римини, во Италија. Приземниот дел на објектот е дизајниран за комерциијалните фунцкии, додека додека останатите три горни ката се наменети за административни функции. Објектот има поткров, како и подрумски кат. Приземниот кат има 293 квадратни метри комерцијален простор и 100 квадратни метри гаража. На местото на влезот во дворот се воочува стаклен атриум кој се протега на целокупната висина на скалите. Интересно е тоа што за обложувањето на приземниот кат биле потрошени 50 м. фасадно стакло и уште 40 м во висина на стаклото за атриумска целина која гледа кон дворот.Канцеларискиот простор на следните три ката има моделарен распоред, каде може да се создаде канцеларија од 47,57, и 70 квадратни метра за да се задоволи флексибилноста на просторот. Објектот е во облик на буквата Л со две ламели, каде централен влез на вкрстување е оската на двете ламели. Фасадата има три различни материјализации, односно зелена ( вегетативна) фасада на влезот во објектот, фасада од челични елементи на уличната страна, а на делот на објектот кој е свртен кон дворот,фасадата е материјализирана во дрвени панели. Со време фасадата на објектот ќе доживее промена на изгледот, бидејки металната решетка на уличната фасада всушност е “држачот” за билките кој ќе израсне и со време ќе го прекрие објектот.










| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Bridges are perhaps the most invisible form of public architecture.Bruce Jackson





