Значајно е да напоменеме дека и Rem Koolhaas е добитник на Прицкеровата награда во 2000година, а основач е на архитектонското студио ОМА(Office for Metropolitan Architecture) кое е ситуирано во Ротердам, Холандија. Заслужен е за објектот во Њујорк на познатата монденска куќа Прада, Холандскиот танцов театар во Хаг, Зградата на уметностите во Ротердам, Гран Пале во Лил, Јавната библиотека во Сиетл, CCTV- седиштето на централнтата телевизија во Пекинг, Холандската амбасада во Берлин и низа други значајни објекти.
Во неговоот образложение во Венеција истакна дека ги има проширено можностите во архитектурата, фокусирајќи се на човекот и просторот. Создаде објекти кои што ги зближуваат луѓето, со што постави нови и амбициозни цели во архитектурата.
Архитект.мк
Архитектура - Светска архитектура
Холандскиот архитект Rem Koolhaas е добитник на престижната италијанска награда „Златен Лав“ за животно дело на 12-то меѓународно биенале за архитектура во Венеција. Биеналето ќе биде одржано од 29.08.2010 - 21.11.2010 година, и главна тема ќе биде односот на поединецот во просторот каде што живее. Предлогот беше даден од страна на директорот на 12-то Биенале Kazuyo Sejima од Јапонија. Да потсетиме дека Kazuyo Sejima и Ryue Nishizawa се челници на познатата SANAA, која оваа година ја доби и Прицкеровата награда.Значајно е да напоменеме дека и Rem Koolhaas е добитник на Прицкеровата награда во 2000година, а основач е на архитектонското студио ОМА(Office for Metropolitan Architecture) кое е ситуирано во Ротердам, Холандија. Заслужен е за објектот во Њујорк на познатата монденска куќа Прада, Холандскиот танцов театар во Хаг, Зградата на уметностите во Ротердам, Гран Пале во Лил, Јавната библиотека во Сиетл, CCTV- седиштето на централнтата телевизија во Пекинг, Холандската амбасада во Берлин и низа други значајни објекти.
Во неговоот образложение во Венеција истакна дека ги има проширено можностите во архитектурата, фокусирајќи се на човекот и просторот. Создаде објекти кои што ги зближуваат луѓето, со што постави нови и амбициозни цели во архитектурата.
Архитект.мк
Игор Василевски
| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Architecture starts when you carefully put two bricks together. There it begins.Ludwig Mies van der Rohe






