SPBR - Природна адаптација

Архитектура - Светска архитектура

Најновиот проект на архитектонското студио SPBR се наоѓа во градот Убатуба во близина на Сао Паоло. Станува збор за надвиснат објект кој е наслонет само на три армирано бетонски столбови, кој како резултат на изразито закосениот терен претставува логичен концепт на авторите. Сместен е во непосредна близина на јужниот дел од плажата Тенорио, а разликата помеѓу котата на улицата и котата на плажата е цели 28 метри.

Основните носиви елементи се трите столбови на кои се ослонува секундарната конструкција составена од челичен систем. Концептот на организација на куќата е со правец од горе кон доле, односно од улицата кон плажата. Така влезната партија е псотавена и организирана непосредно до улицата од каде што се формираат неколку каскадни етажни единици ориентирани кон плажата Тенорио.

Ова архитектонско решение создава чувство дека куќата е прикачена на некое дрво со тенденција да се вклопи во природното опкружување, во кое објектот е опкружен со бројните птици богатата флора и прекрасните визури кон плажата и морето. Архитектите за овој објект велат дека за нив тоа претставува куќа во која што успеале да овозможат  да слушате, мирасате и гледате.

Архитект.мк
Игор Василевски

ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

In my experience, if you have to keep the lavatory door shut by extending your left leg, it's modern architecture.

Nancy Banks Smith


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 56 гости присутни