Anish Kapoor - Дебакл на инженерската орбита?

Архитектура - Светска архитектура

Британскиот уметник Аниш Капор, победник е на натпреварот за инсталација која ќе ги симболизира Олимписките  игри во Лондон 2012. Неговиот проект со наслов ArcelorMittal Orbit, претставува олимписка орбита со висина од 115 метри и  би требало да стане ривал на Ајфеловата кула во Париз. Целата инсталација од 1,400 тони железна структура, изнесува околу 30 милиони фунти, додека поголемиот дел од сметката сепак ке го подмири индискиот магнат Лакшми Митал, сонародникот  на Капор. Сместен покрај гигантскиот Олимписки стадион ( чиј крај на градење не се наѕира) зградата ќе содржи набљудувачи  со капацитет од 600 луѓе дневно, за конечно да стане дел од  лондонскиот предел.



Меѓутоа, за почетокот на изградбата на ова масивно здание, лондонското Министерство за архитектура и градежништво донесло одлука  проектот мора да мине низ детална ревизија, за да ги задоволи високите сигурносни барања,а во спротивно нема да има градење. Во образложението се наведува дека на комплексната структура и недостасува организација, па ниту деталите се доволно разработени по изведениот план. Но, најголем проблем  се чини е недостатокот на канализациските цевки, кој самиот Капор во соработка со инженерската фабрика Arup’s Advanced Geometric Design Unit не го допуштил во проектот. Од тука се бара од Капор и неговиот тим да се ревидира проектот за 2012,  а тоа сепак, не е мала работа.



Се мисли градските инспектори највеќе ги загрижува самата појава на зградата која помалку наликува на несигурно скеле, а познавајќи ја напорната британска сигурност на внимателност ( секако во корист на сопствената финансиска заштита) пред Капор претстои голема работа.

Не е на одмет да се спомне и случајот на моментно најголемата британска ѕвезда на невозможни конструкции, Томас Хетервик, кој  имаше големи проблеми со својта култура B of the Bang поставена во Манчестер. Голема шилна скулптура беше најголемата британска инсталација, но грешката при составувањето беше главната причина да се сруши осовината на скулптурата. Делото е тргнато во 2009, а Хетервик мораше да плати 2,7 милиони фунти како оштета на градот.


Игор Василевски
Архитект.мк

ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

I was going to be an architect. I graduated with a degree in architecture and I had a scholarship to go back to Princeton and get my Masters in architecture. I'd done theatricals in college, but I'd done them because it was fun.

James Stewart


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 46 гости присутни