Но, дизајнот на Jean Nouvel за Националниот музеј на Катар, кој беше обелоденет во Музејот за модерна уметност во Њујорк, веројатно е најочигледен поетски акт на културна синтеза досега на овој француски архитект. Еден од многуте големи музејски проекти во Доха, вклучувајќи го и Музејот на исламска уметност на И.М Пеи, е дел од владиниот притисок да се охрабри размената на културни добра - меѓу Исток и Запад, традиција и модерност - по многуте изминати години во кои изгледаше дека се' се движи во една насока. Секое ниво на проектот на Jean Nouvel, од материјалот до неговата доминантна форма, до распространетиот план, ги рефлектира богато имагинативни напори за задржување на конекцијата со светот на Бедуините кој е во исчезнување, а од кој потекнува модерен Катар, додека исто така ја прифаќа реалноста од брзото урбанизирање на општеството.
До 1950-те Доха е мал град изграден врз риболов и трагање по бисери, а неговиот пазар на отворено служеше како трговски центар за бедуинските племиња. Тоа почна да се менува со подемот на економијата која се темелеше на нафтата, а урбаниот раст беше резултатот од тоа. До 1990-те висококатници и климатизираните трговски центри ги заменија традиционалните куќи од малтер. Процесот беше забрзан за време на глобалниот економски бум, креирајќи целосно нов пејсаж, и оттогаш се движи со исто темпо, додека властите притискаат за градежни проекти како нови музеи и огромни универзитетски кампуси во западен стил. Во меѓувреме, додека младите жители на Катар, многумина од нив образувани на Запад, почнаа да ја прифаќаат урбаната култура, постарата генерација која порасна во пустината почна да изумира, носејќи ги спомените со себе.
Како што директорката на националниот музеј Пеги Лоар, Американка која порано била директорка и на Музејот Волфсонијан во Мајами, кажа: „Проблемот е во тоа што културата на Бедуините е многу неопиплива“, со артефакти кои се малубројни и трошни: „шатори, цртежи, деликатни везови во текстилот“. Бедуините биле „навистина по раскажувањето на приказни“, продолжува таа. „Така и додека сте сведоци на оваа неверојатна втора ренесанса во арапскиот свет, тие ги губат основните поткрепи за тоа кои биле. Помладите одат во пустината со своите џипови, но повеќе не живеат таму. Тие ја губат врската со нивната култура“.
Дизајнот на Jean Nouvel почнува со креирање на фундаментална конекција долж овие линии. Инспириран од песочните рози, мали форми што се кристализирале веднаш под површината на пустината, десетиците форми слични на диск на зградата, кои се вкрстуваат во несекојдневни агли и нерамно натрупувајќи се еден врз друг, ја слават деликатната убавина на пустинскиот пејсаж кој е невидлив за оние кои не поминале некое време тука. Во меѓувреме леснотијата со која овие форми лежат на земјата, ја маѓепсува духовноста на пустинскиот живот.
Под овие покриви во форма на дискови, зградата е синџир од меѓусебно поврзани павилјони и отворени тераси кои опколуваат голем непокриен двор, проект кој потсетува на попатните гостилници, засолништа кои се граделе долж старите трговски патишта. Палатата Амири, традиционална градба од ќерпич изградена за кралското семејство во 1920-те упаѓа меѓу павилјоните во близина на главниот влез во музејот, каде служи како визуелно сидро.
Гледајќи го моделот одозгора, формата на расфрланите апстрактни дискови потсетува на описот на „навидум случајната конфузија“ на пустинските дини на истражувачот Вилфред Тесигер. Розово-кафеавата бетонска површина на дисковите ги имитира скриените модели што му го даваат на пустинскиот песок неговиот раскош - суптилна мешавина на бои, од големи и мали структури. Но, колку повеќе гледате во изведбата, толку повеќе проектот станува препознатлив како објект оформен од современа чувствителност. Асиметричниот распоред на дисковите - чиишто рабови тенки како жилет ја нагласуваат леснотијата на објектот - разговара со современите архитектонски идеи за разнородноста и пространоста.
Галериите ќе бидат послободно уредени по хронолошки ред, почнувајќи со изложби за историјата на пустината и Персискиот Залив, артефакти од бедуинската култура, историски изложби за племенски војни и формирање на државата Катар, и на крајот пронаоѓањето на нафтата па се' до денес. Накосените плочи што ги формираат ѕидовите, во некои места ќе креираат можност за ѕиркање од една во друга галерија што ќе ве привлекува да го истражувате просторот. Но, распоредот исто така ќе и овозможува на публиката да влегува и излегува од галериските павилјони, третирајќи ги како поединечна секвенца или како индивидуални поглавја во една послободна нарација.
Jean Nouvel претпоставува минимален број на фиксирани изложби - шатори, текстил, рибарски чамци - поставени во центарот на просторијата, како во потрадиционалните музеи. Ѕидовите на поголемите галерии ќе бидат покриени со огромни подвижни слики кои ќе сакаат да ги импрегрираат посетителите во светот на пустината. Како што авторот неодамна кажа „да се разбере пустината денес потребни ви се хеликоптери и големи џипови. Мислам дека и тука можеме да го копираме тоа искуство, така што музејот ќе стане врата кон пустината“.
Архитектура - Светска архитектура
Малкумина архитекти инвестирале повеќе време во обидот да го премостат јазот меѓу ултрамодерната естетика на Западот и традициите на Блискиот Исток, отколку што тоа го направил Jean Nouvel. Во неговиот дизајн за Институтот за арапскиот свет во Париз во 1987 година доминираа механички отвори за регулирање на светлината, организирани во модел што евоцира исламски мотиви. Планираната филијала на Музејот Лувр во Абу Даби ќе биде засенета од гигантска купола што го претвара просторот во еден вид на оаза. И работниците ги изведуваат последните зафати врз административната зграда во Доха, Катар која е обложена со алуминиумска решетка и покриена со купола налик на оние кај џамите, ишарана со филигран.
Но, дизајнот на Jean Nouvel за Националниот музеј на Катар, кој беше обелоденет во Музејот за модерна уметност во Њујорк, веројатно е најочигледен поетски акт на културна синтеза досега на овој француски архитект. Еден од многуте големи музејски проекти во Доха, вклучувајќи го и Музејот на исламска уметност на И.М Пеи, е дел од владиниот притисок да се охрабри размената на културни добра - меѓу Исток и Запад, традиција и модерност - по многуте изминати години во кои изгледаше дека се' се движи во една насока. Секое ниво на проектот на Jean Nouvel, од материјалот до неговата доминантна форма, до распространетиот план, ги рефлектира богато имагинативни напори за задржување на конекцијата со светот на Бедуините кој е во исчезнување, а од кој потекнува модерен Катар, додека исто така ја прифаќа реалноста од брзото урбанизирање на општеството.

До 1950-те Доха е мал град изграден врз риболов и трагање по бисери, а неговиот пазар на отворено служеше како трговски центар за бедуинските племиња. Тоа почна да се менува со подемот на економијата која се темелеше на нафтата, а урбаниот раст беше резултатот од тоа. До 1990-те висококатници и климатизираните трговски центри ги заменија традиционалните куќи од малтер. Процесот беше забрзан за време на глобалниот економски бум, креирајќи целосно нов пејсаж, и оттогаш се движи со исто темпо, додека властите притискаат за градежни проекти како нови музеи и огромни универзитетски кампуси во западен стил. Во меѓувреме, додека младите жители на Катар, многумина од нив образувани на Запад, почнаа да ја прифаќаат урбаната култура, постарата генерација која порасна во пустината почна да изумира, носејќи ги спомените со себе.

Како што директорката на националниот музеј Пеги Лоар, Американка која порано била директорка и на Музејот Волфсонијан во Мајами, кажа: „Проблемот е во тоа што културата на Бедуините е многу неопиплива“, со артефакти кои се малубројни и трошни: „шатори, цртежи, деликатни везови во текстилот“. Бедуините биле „навистина по раскажувањето на приказни“, продолжува таа. „Така и додека сте сведоци на оваа неверојатна втора ренесанса во арапскиот свет, тие ги губат основните поткрепи за тоа кои биле. Помладите одат во пустината со своите џипови, но повеќе не живеат таму. Тие ја губат врската со нивната култура“.

Дизајнот на Jean Nouvel почнува со креирање на фундаментална конекција долж овие линии. Инспириран од песочните рози, мали форми што се кристализирале веднаш под површината на пустината, десетиците форми слични на диск на зградата, кои се вкрстуваат во несекојдневни агли и нерамно натрупувајќи се еден врз друг, ја слават деликатната убавина на пустинскиот пејсаж кој е невидлив за оние кои не поминале некое време тука. Во меѓувреме леснотијата со која овие форми лежат на земјата, ја маѓепсува духовноста на пустинскиот живот.

Под овие покриви во форма на дискови, зградата е синџир од меѓусебно поврзани павилјони и отворени тераси кои опколуваат голем непокриен двор, проект кој потсетува на попатните гостилници, засолништа кои се граделе долж старите трговски патишта. Палатата Амири, традиционална градба од ќерпич изградена за кралското семејство во 1920-те упаѓа меѓу павилјоните во близина на главниот влез во музејот, каде служи како визуелно сидро.

Гледајќи го моделот одозгора, формата на расфрланите апстрактни дискови потсетува на описот на „навидум случајната конфузија“ на пустинските дини на истражувачот Вилфред Тесигер. Розово-кафеавата бетонска површина на дисковите ги имитира скриените модели што му го даваат на пустинскиот песок неговиот раскош - суптилна мешавина на бои, од големи и мали структури. Но, колку повеќе гледате во изведбата, толку повеќе проектот станува препознатлив како објект оформен од современа чувствителност. Асиметричниот распоред на дисковите - чиишто рабови тенки како жилет ја нагласуваат леснотијата на објектот - разговара со современите архитектонски идеи за разнородноста и пространоста.
Галериите ќе бидат послободно уредени по хронолошки ред, почнувајќи со изложби за историјата на пустината и Персискиот Залив, артефакти од бедуинската култура, историски изложби за племенски војни и формирање на државата Катар, и на крајот пронаоѓањето на нафтата па се' до денес. Накосените плочи што ги формираат ѕидовите, во некои места ќе креираат можност за ѕиркање од една во друга галерија што ќе ве привлекува да го истражувате просторот. Но, распоредот исто така ќе и овозможува на публиката да влегува и излегува од галериските павилјони, третирајќи ги како поединечна секвенца или како индивидуални поглавја во една послободна нарација.
Jean Nouvel претпоставува минимален број на фиксирани изложби - шатори, текстил, рибарски чамци - поставени во центарот на просторијата, како во потрадиционалните музеи. Ѕидовите на поголемите галерии ќе бидат покриени со огромни подвижни слики кои ќе сакаат да ги импрегрираат посетителите во светот на пустината. Како што авторот неодамна кажа „да се разбере пустината денес потребни ви се хеликоптери и големи џипови. Мислам дека и тука можеме да го копираме тоа искуство, така што музејот ќе стане врата кон пустината“.
| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје





