C+C Associati - Предноста во едноставноста

Архитектура - Светска архитектура


Основното училиште во италијанскиот Ponzano Venetu недалеку од Венеција, исто така сместен во регионот Венето, го осмислија архитектите од студиото C+C Associati од Тревисо



Сите простори на училиштето се нанижани околу централниот двор, како што објаснуваат архитектите,имплицирајќи меморија на самите стански клаустри, кои некогаш беа храна на знаење. Просторот на салата е достапен во внатрешноста на кориснисиците по работното време на училиштето, па на тој начин, училиштето всушност станува место за средба на локалните заедници.



Училниците се ориентирани на југоисток и на југозапад, односно нудат идеално осветлување во просториите каде што учениците најмногу престојуваат, додека низ долж другите две згради се позиционирани спомнатите простории односно школските кантини.



Тремот од околу школото е изведен од елегантни метални коси столбови, нанижани околу зградата во правилен ритам, обоени во јака црвена боја која со суптилната монументалност на зградата дава препознатлив карактер.





Целиот проект на училиштето е базиран на еколошки и енергетско освестена архитектура и минаимално потрошени пари при опремувањето на просторот. Во  погледот на греење во училиштето извонредно е искористена ориентацијата, има зелен кров, односно користи софистицирана технологија во школската инфраструктура, што резултира со идеална годишна потрошувачка на енергија.



Во процесот на разработување на проектот, архитектите комуницирале со локалната заедница, испродуцирале илустрирана сликовница, за поедноставен начин да им објаснат на децата, идните корисници на просторот



Јаката црвена боја која е користена на тремот и на фасадата на зградата ја продолжува приказната за важноста на колоритот, кој е еден од главните аспекти на современиот пристап, и филозофија на ширење на демократска боја на фабриката Бенетон, чии управни згради и фабрики се лоцирани во близина.





ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

Architecture arouses sentiments in man. The architect's task therefore, is to make those sentiments more precise.

Adolf Loos


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 88 гости присутни