Со изградбата на овој капитален објект е започнат процесот на урбанистичката ревитализација на морскиот брег, каде патот кој поминува покрај овој објект до крајот на 2010 година ќе биде насочен кон подземната магистрала, чија изградба е во тек.
Уште при распишувањето на конкурсот определен е услов на високата архитектонска монументалност на идниот објект, а денес можеме да сметаме дека овој услов во потполност е исполнет. Објектот има впечатлив дизајн и зборува за модерните тенденции на норвешката архитектура.
Забележлива е голема употреба на бел колорит како и во големите транспарентни површини, кои даваат контраст на постојаност и лебдење во просторот. Важен дел на дизајнот бил така наречениот универзален дизајн односно поврзувањето на објектот, кој би бил достапен на разна група од луѓе. Тоа јасно се отсликува на многу на многубројните рампи, каде што всушност се рамни кровни а служат како шеталишта кои директно понираат во морето.
Архитектурата на студиото “Snøhetta” секогаш е наративна, што во најголем број случаи е постигнато со паметна употреба на материјалот (камен, дрво, метал и стакло). Белите површини всушност се камени површини, чија вкупна површина е неверојатни 18000 квадратни метри. Станува збор за мермерот “la Facciata”, кој се карактеризира со голема рефлексија на светло, исклучителна стабилност и долготрајност. Покрај ова познат е по необичната прекршување на светлото во текот на атмосферските паѓања.
Употребата на дрвото е ограничена на храст, каде се појавува на подните површини, понекогаш на плафоните, како и на акустичните ѕидови на аудиториумот. Стаклото одиграло важна улога во обликувањето на фасадата на атриумот каде што стаклениот ѕид е висок 15 метри. Покрај улогата во дневното осветлување стаклото има улога на создавање “ефект на ламба” во текот на вечерните часови.
Архитектура - Светска архитектура
Неодамна реализираниот проект на Националната оперска куќа во Норвешка е дело на архитектонското студио Snøhetta. Тој денес претставува модерно лице на овој град и голема гордост за Норвежаните. Овој објект се наоѓа на полуостровот Bjørvika, на просторот на градскиот брег, кој со векови е точка на поврзување на земјата со светот. Оваа локација е избрана заради својата симболика, и денес претставува точка на поврзување на Норвежаните со модерните уметности.Со изградбата на овој капитален објект е започнат процесот на урбанистичката ревитализација на морскиот брег, каде патот кој поминува покрај овој објект до крајот на 2010 година ќе биде насочен кон подземната магистрала, чија изградба е во тек.
Уште при распишувањето на конкурсот определен е услов на високата архитектонска монументалност на идниот објект, а денес можеме да сметаме дека овој услов во потполност е исполнет. Објектот има впечатлив дизајн и зборува за модерните тенденции на норвешката архитектура.
Забележлива е голема употреба на бел колорит како и во големите транспарентни површини, кои даваат контраст на постојаност и лебдење во просторот. Важен дел на дизајнот бил така наречениот универзален дизајн односно поврзувањето на објектот, кој би бил достапен на разна група од луѓе. Тоа јасно се отсликува на многу на многубројните рампи, каде што всушност се рамни кровни а служат како шеталишта кои директно понираат во морето.
Архитектурата на студиото “Snøhetta” секогаш е наративна, што во најголем број случаи е постигнато со паметна употреба на материјалот (камен, дрво, метал и стакло). Белите површини всушност се камени површини, чија вкупна површина е неверојатни 18000 квадратни метри. Станува збор за мермерот “la Facciata”, кој се карактеризира со голема рефлексија на светло, исклучителна стабилност и долготрајност. Покрај ова познат е по необичната прекршување на светлото во текот на атмосферските паѓања.
Употребата на дрвото е ограничена на храст, каде се појавува на подните површини, понекогаш на плафоните, како и на акустичните ѕидови на аудиториумот. Стаклото одиграло важна улога во обликувањето на фасадата на атриумот каде што стаклениот ѕид е висок 15 метри. Покрај улогата во дневното осветлување стаклото има улога на создавање “ефект на ламба” во текот на вечерните часови.
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
In art or architecture your project is only done when you say it's done. If you want to rip it apart at the eleventh hour and start all over again, you never finish. I was one of those crazy creatures.Maya Lin





