SmithGroup - Универзитет за приморски науки во Јужна Кореа

Архитектура - Светска архитектура

Архитектонското студио SmithGroup, неодамна го презентираше својот проект Универзитетот за приморски науки, кој ќе биде изграден во Јужна Кореа. Станува збор за комплекс инспириран од формата на морските таласи, факт што е воочлив на самата волуметрија на ова архитектонско дело. Органскиот дизајн е видлив во ентериерот кој е вграден по принципот на одржливите технологии.


Универзитетот вбројува административни објекти, централна зграда со училници, истражувачки центар како и студентски домови кои во најголемиот дел ќе бидат полувкопани со ориентација кон морето што ќе резултира со големи воздушни струења и поволна микроклима.


Некогаш обработливото земјиште ќе биде преобразено во исклучително простран еко-парк, со низа патеки за рекреација и прошетка, водени површини и спортски терени. Предвидено е и мало вештачко езерце кое ќе се полни со подземните води, односно со водите кои што се слеваат од брдовидиот терен над комплексот.


Големо внимание е посветено на  кровните површини, кои претставуваат највпечатлива естетска карактеристика. Замислени се како проодни тераси со богата вегетација но импланти од новата генерација на соларни панели, ќелии кои во голема мера ќе ги намалат трошоците за електричната енергија на овој комплекс.



Добра мисла

I was going to be an architect. I graduated with a degree in architecture and I had a scholarship to go back to Princeton and get my Masters in architecture. I'd done theatricals in college, but I'd done them because it was fun.

James Stewart


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 46 гости присутни