Fernando Romero - Музејот во Мексико „Soumaya“

Архитектура - Светска архитектура



Музејот кој неодамна почна да се гради во главниот град на Мексико е дело на Fernando Romero, член на архитектонското студио LAR, кое во соработката со реномираните ARUP се главните „виновници“ за овој интересен проект. На локација која што во четириесетите претставуваше индустриска зона, а денес една од најатрактивните во Мексико Сити, овој објект ќе завземе место во централната градска зона создавајќи нов идентитет на просторот, со цел активирање на локалното население во културолошка смисла.

Формата на музејот е скулптурална, карактеристично за сите современи музеи ширум светот, каде што органскиот облик и асиметричната форма создаваат асоцијации различни кај секој посетител или набљудувач. Доминантната носечка конструкција се состои од 28 завиени челични столбови со променлив хоризонтален пресек, укрутени со помали челични стапови. Објектот има околу 6000 метри квадратни во кои покрај галериите за изложување ќе сретнете и амфитеатар со капацитет од 350 седишта, библиотека, административни простории, ресторан и продавници.
































Добра мисла

Does an architecture to assuage the spirit have a place?

Arthur Erickson


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 46 гости присутни