Пред извесно време, архитектонското студио на светски познатата Заха Хадид доби задача за креирање на проектот Големиот театар во големиот глобален град Рабат, во Мароко. Во почетокот на минатиот месец претставени се визуелизации на новата градба кои конечно добија одобрување од официјалните лица на градот.
Станува збор за добро познатата надреална форма која ќе зазема простор од околу 47000 квадратни метри. Објектот ќе има два театри, каде што еден аудиториум ќе содржи 2050 места а другиот 540 места за седење. Тука се секако и многубројните културни и комерцијални содржини како и отворениот амфитеатар за 7000 луѓе.
Рабат издвои 120 милиони евра за реализација на овој проект, со надеж дека овој град од околу 700.000 жители ќе стане нов културен центар на земјата која има јака и автентична музичка традиција. По моменталните планови рокот за изградба е до крајот на 2014 година кога ќе започне втората фаза на урбанистичкиот развој која вклучува модернизација на околните работни и станбени блокови.
Архитектура - Светска архитектура

| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Does it follow that the house has nothing in common with art and is architecture not to be included in the arts? Only a very small part of architecture belongs to art: the tomb and the monument. Everything else that fulfils a function is to be excluded from the domain of art.Adolf Loos