Вчера заврши градењето на културниот и спортски центар Замет кој што се наоѓа во Риека, Хрватска. Архитектонското студио 3LHD го проектираше овој објект кој се наоѓа во северозападниот дел на Риека. Локацијата се протега на 16.830м2 а во објектот се интегрирани спортска сала со капацитет од 2380 седишта,канцеларии,градска библиотека, 13 комерцијални и услужни објекти и гаражи со паркинг за 250 возила.
Oсновни карактеристики на проектот се интеграција на големата програмска задача во урбаната структура на Замет, со цел таа што помалку да се нарушува, и да ги вреднува урбаните задачи од околината. Заедничките концептуални елементи на ракометната сала и центарот Замет, се територијалните линии кои се протегаат во насока север-југ, а функционираат истовремено како архитектонски елемент на обликување на објектот, и поврзувањето меѓу парк-училиште и улица. Ракометната сала со третината на својот волумен е засечена во терен, а зградата со јавните и услужните содржини, потполно се вклопува во теренот, односно таа со своите линии го создава.
Просторот на кровот не е обележан само на зградата на работниот дел на центарот, туку и кровот од салата за време на слободното користење се користи како своеврсен продолжеток на паркот кој е сместен северно од салата. Архитектурата на јавните содржини- трговскиот центар, Градската читална и месниот одбор- излегуваат од топографијата на теренот кој ги поврзува центарот пред салата и центарот пред училиштето и настојува да се вклопи во целокупниот постоечки контекст на западаната страна на Замет.
Салата е проектирана за интернационални спортски натпреварувања, по најсовремени светски, и спортски стандарди. Просторот на салата е замислен во потполност да биде флексибилен. Гледалиштето потполно е конципирано како состав со телескопски трибини, кои по потреба се отвораат и се прилагодуваат на изборот на натпреварувачи, број на гледачи, а кај големите натпреварувања можно е отворање на сите трибини.
Архитектура - Светска архитектура

| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
I would have liked maybe to be in architecture or painting, something connected to the fine arts.Catherine Deneuve