Македонските ликовни уметници добија три простории за работа во Безистенот во Старата скопска чаршија. Трите ателјеа кои Друштвото на ликовни уметници на Македонија ги доби минатата година од Владата ќе може да ги користи во наредните...
Уметницата Анастасија Елиас која живее и работи во Париз, Франција, создаде интересен сет од креативни уметнички отсечоци во мини форма. Интересно е што овие мини дела се создадени од картонската обвивка од тоалетна хартија. Сетот е наречен „paper cuts“ и опфаќа повеќе тематски прикази како на пример Swing (Balançoire), Pedestrian crossing (Passage piéton), Boxing (Boxe),Fishing (Pêche). Комплетен преглед на овие дела можете да ....
„Круг како езотеричен сегмент“ е насловот на изложбата на скулптури од Анета Божинова која вечерва, во 20 часот ќе биде отворена во Уметничката галерија во Куманово. На своето 14. самостојно претставување таа ќе постави најнови дела, работени во последните години. Изложбата ја организираат кумановскиот Музеј во соработка со Заедницата на ...
Во Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје во 20.30 часот ќе биде отворена самостојна изложба на Ангел Миов. Со наслов „Личнос(ТИ)“, Ангел Миов го проблематизира прашањето за идентитетот на авторот спроти делото. Идентитетот на делото спроти предметите и уметноста. Слободата на изборот како ограничување и можноста за ...
Вечерва во 19 часот во Чифте амам ќе биде отворена изложбата „Современа холандска керамика”. Станува збор за изложба на керамичари од Холандија кои гостувале и твореле во ателјето на Колонијата во Отешево. На изложбата ќе бидат презентирани 40-тина експонати - дела со неверојатни форми и облици, декоративни и утилитарни предмети од ...
Во чест на 100 годишнината од раѓањето на македонскиот акварелист Љубомир Белогаски (1911-2011) и 20 годишнината од донацијата на неговите дела и формирањето на истомената галерија, во Музејот на град Скопје, утре во 19 часот, на јубилејна изложба ќе бидат презентирани 100 акварели. Дваесет од нив се дел од музејската донација, а осумдесет припаѓаат на ...
Во просториите на Францускиот културен центар во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Кажи ми десет зборови што нè поврзуваат“. Изработени на тема – солидарност, на изложбата ќе бидат претставени делата на Бојана Грујовска, Христина Стојчевска, Љупчо Илиевски и Владимир Илиевски, студенти од Факултетот за ликовни уметности. Во нивните дела се содржани текстови напишани на наведената тема, а изработени од ученици од повеќе основни и ...
Во галеријата „Око“ во центарот на Скопје се претставува уметницата од Словенија, Габриела Фужир Бауер, која до 1 април пред публиката ќе презентира 12 дела од кои еден дел кукли и остварувања изработени од ткаен текстил. Габриела Фужир Бауер е родена во 1973. Дипломирала и докторирала на Академијата за уметност и дизајн во Љубљана, а работи како ...
Со многу изложби, ликовни работилници, промоции, уметнички колонии Македонија годинава ќе одбележи два големи јубилеја - 110 години од раѓањето на ликовниот уметник Лазар Личеноски и еден век од раѓањето на неговиот колега Љубомир Белогаски. Во големата манифестација посветена на двајцата основоположници на македонската ликовна уметност се вклучија ...
Во палатата „Пезаро Папафава“ во Венеција ќе бидат изложени двата уметнички проекта со кои Македонија ќе се претстави на престижното Биенале за уметност, што ќе почне во јуни и ќе трае до ноември, дознава „Дневник“. Галерискиот простор се наоѓа во регионот Канареџо, близу до главниот плоштад Сан Марко, а во него досега излагале светски познатите уметници Јоко Оно и Марина Абрамовиќ. Организаторите на нашето учество на големата манифестација велат дека тоа е одлична стартна позиција...
Арт
Игор Василевски
Јун 29
|11:54
Доајенот на современото македонско сликарство Родољуб Анастасов вечерва во 20 часот ќе потпише договор со Музеј на Град Скопје на кој ќе му донира 389 цртежи, акварели, пастели и дела работени во комбинирана техника и масло на платно. Музејот на Град Скопје по повод овој вреден...
Непозната слика од големиот италијански мајстор на барокната уметност Микеланџело Караваџо неодамна е откриена во Велика Британија...
Видео посветено на работниот процес и начинот на создавањето на споменикот на Александар Македонски кој беше изработен во леарницата на Artistica Guastini di Gambellara во Виченца...
Страна 1 од 6
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
I was going to be an architect. I graduated with a degree in architecture and I had a scholarship to go back to Princeton and get my Masters in architecture. I'd done theatricals in college, but I'd done them because it was fun.James Stewart









