Google Art Project - Прошетка низ светските музеи

Арт



Последната апликација на Google наречена Art Project се однесува на љубителите на ликовната уметност и ни овозможува виртуелна прошетка низ светски познатите музеи. Оваа апликација овозможува прошетка и анализа низ 17 музеи во кои детално преку виртуелна навигација ќе може да ги проследите делата на вашите омилени сликари. Навигациониот панел е прилично едноставен за употребување безмалце идентичен на оној од Google maps.


Во горниот дел од панелот постевени се две паѓачки менија во кои можете да одберете кој музеј сакате да го посетите а веднаш до него ви се отвора мени во кое може да одберете која слика или автор сакате да го гледате. Од десната страна имате додатно „инфо“ мени кое се однесува на подетални информации преку кои исто така можете да вршите навигација во музејот.


Така на пример едноставно можете да преминувате од една во друга просторија, да ја погледнете историјата на посакуваната слика или пак да дознаете нешто повеќе за авторот. Една од поинтересните опции се однесува на зачувувањето на омилените дела и галерии што подоцна можете да ги коментирате со другите посетители или, пак, да ги споделите со вашите пријатели преку социјалните мрежи. Еве и едно видео од нивната презентација за оваа апликација како и линк до истата.





Добра мисла

Architecture aims at Eternity.

Christopher Wren


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 31 гости присутни