Во палатата „Пезаро Папафава“ во Венеција ќе бидат изложени двата уметнички проекта со кои Македонија ќе се претстави на престижното Биенале за уметност, што ќе почне во јуни и ќе трае до ноември, дознава „Дневник“. Галерискиот простор се наоѓа во регионот Канареџо, близу до главниот плоштад Сан Марко, а во него досега излагале светски познатите уметници Јоко Оно и Марина Абрамовиќ. Организаторите на нашето учество на големата манифестација велат дека тоа е одлична стартна позиција, бидејќи многумина љубители на уметноста кои редовно го посетуваат Биеналето многу добро го познаваат изложбениот простор. Има најави дека во истата палата ќе биде изложен и уметничкиот проект на Хаваи, па се очекува на нивното отворање да присуствува и американскиот претседател Барак Обама.
Во две посебни простории ќе бидат претставени проектите што пред светот треба да ја претстават ликовната сцена во Македонија. Уметничката група ЗЕРО (Александар Станкоски, Игор Тошевски, Беди Ибрахим, Перица Георгиев, Синиша Цветковски, Златко Трајковски, Миодраг Десовски и Татјана Миљовска) избрала долгнавеста галерија за да одговара на концепцијата на нивниот проект „ЗЕРО-шлепер“. Во соседниот изложбен простор ќе биде претставен проектот „Прескок“ на скулпторот Жарко Башески.
Закупот на галеријата за шест месеци ќе чини 30.000 евра. Договорот во петокот го потпишале претставници од Конзулатот на Република Македонија во Венеција и од палата „Пезаро Папафава“. Сумата ќе ја поделат организиторите на двете изложби - Националната галерија на Македонија и Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп. Организаторите на нашето претставување сметаат дека сумата воопшто не е голема, со оглед на тоа што локацијата ја пронашле три месеци пред почетокот на големата манифестација. Тие имале голема помош од нашиот генерален конзул Амон Бајрамовски.
- Ќе остане буџет за достојно да се претставиме на Биеналето. Добро решение е што двата проекта ќе бидат претставени на иста локација, ќе има едно заедничко свечено отворање - вели Маја Крстевска, директор на Националната галерија и комесар на проектот „ЗЕРО-шлепер“. Со неа во Венеција отпатувал и уметникот Игор Тошевски за да го види просторот во кој треба да биде изложен нивниот проект. Куратор на поставката е Горанчо Ѓорѓиевски, а негова помошничка е Маја Чанкуловска-Михајловска.
Скулпторот Башески планираше своите три скулптури од силикон и полиестер да ги изложи под отворено небо, но концепцијата се сменила во последен момент.
- Надворешните влијанија, прав, чад, високите температури, може да ги оштетат. Затоа во последен момент решивме сепак да ги изложиме во галериски простор. Најавите дека во истата палата ќе излагаат и уметници од Хаваи ќе биде голема реклама за сите нас. Очекуваме да се појави и американскиот претседател - вели Тони Чатлески, директор на прилепскиот Центар за култура и комесар на проектот „Прескок“. Куратор на проектот на Башески е Емил Алексиев. Според Чатлески, тие се речиси подготвени за големата манифестација. Останува само да се отпечати каталогот. Венециското биенале ќе трае од 4 јуни до 27 ноември. Тема на Биеналето е „ИЛУМИнации“, а директор на престижната манифестација е Швајцарката Бис Куригер.
Автор на текстот: Весна И. Илиевска

| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Art is very tricky because it's what you do for yourself. It's much harder for me to make those works than the monuments or the architecture.Maya Lin