Во просториите на Францускиот културен центар во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Кажи ми десет зборови што нè поврзуваат“.
Изработени на тема – солидарност, на изложбата ќе бидат претставени делата на Бојана Грујовска, Христина Стојчевска, Љупчо Илиевски и Владимир Илиевски, студенти од Факултетот за ликовни уметности. Во нивните дела се содржани текстови напишани на наведената тема, а изработени од ученици од повеќе основни и средни училишта и универзитети во Македонија.
Програмата „Кажи ми десет зборови што нè поврзуваат“ секоја година се распишува во рамките на Франкофонијата од француското Министерство за култура и предлага десет зборови на одредена тема, на која школските и универзитетските установи ширум светот, со посредство на нивните професори по француски јазик, создаваат текстови. Годинашната тема на програмата, која соедини делата од лингвистичка и книжевна природа, е солидарноста.
Изложбата во Францускиот културен центар ќе ја отворат г-дин Јован Шумковски, декан на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и г-дин Жан-Ив Лавоар, директор на Францускиот културен центар и советник за култура и соработка при Амбасадата на Франција.
На отворањето на изложбата ќе присуствуваат и четворицата уметници – автори на делата. Изложбата ќе трае до 31 мај во просториите на Францускиот културен центар во Скопје.

| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Doctrines provide an architecture for both Republican and Democrat presidents to carry out policies.Malcolm Wallop