Изложба - „Современа холандска керамика”

Арт



Вечерва во 19 часот во Чифте амам ќе биде отворена изложбата „Современа холандска керамика”. Станува збор за изложба на керамичари од Холандија кои гостувале и твореле во ателјето на Колонијата во Отешево. На изложбата ќе бидат презентирани 40-тина експонати - дела со неверојатни форми и облици, декоративни и утилитарни предмети од авторите: Александра Енгелфрид, Елен Спикстра, Труди Ман, Јозе Ерт, Антоан Лендферс Тван, Јорун Вилхелмус Хубертус Ван, Дауе Хоекстра, Маја Хофт, Рижан Купенс и Јо Сијен.

На отворањето на изложбата свои обраќања ќе имаат Министерот за култура во владата на Република Македонија Елизабета Канческа-Милевска, Симоне Филипини, амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија и Маја Крстевска, директор на Националната галерија на Македонија.Изложбата е во организација на Ресенската керамичка колонија, Амбасадата на Кралството Холандија и Националната галерија на Македонија.


Добра мисла

Architecture is the art of how to waste space.

Philip Johnson


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 41 гости присутни