Изложба „Личнос(ТИ)“ од Ангел Миов

Арт



Во Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје во 20.30 часот ќе биде отворена самостојна изложба на Ангел Миов. Со наслов „Личнос(ТИ)“, Ангел Миов го проблематизира прашањето за идентитетот на авторот спроти делото. Идентитетот на делото спроти предметите и уметноста. Слободата на изборот како ограничување и можноста за оградување од (ТИ). „Ти“ наспроти „Јас“.

Во галеријата на Отвореното графичко студио авторот ќе се претстави со инсталација проследена со видео перформанс. Инсталацијата се состои од две соби преградени во галеријата. Во влезната соба има испишан текст на ѕидот и од неа се влегува во втората просторија, која претставува редимејд од предмети и алатки кои се потребни за создавање на едно класично сликарско дело. До штафелајот е поставен монитор на кој се емитува снимено видео од перформанс на девојка која пее оперска арија чиј текст содржи само еден збор – НЕ.

Ликовниот уметник Ангел Миов дипломира на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, во класата на проф. Благоја Маневски, во 2006 година. Магистрирал на ФЛУ во 2011 година. Ова е негова втора самостојна изложба, а учествувал на повеќе групни изложби.



Добра мисла

Any architectural project we do takes at least four or five years, so increasingly there is a discrepancy between the acceleration of culture and the continuing slowness of architecture.

Rem Koolhaas


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 41 гости присутни