Простор плус за уметниците во Стара Чаршија

Арт



Македонските ликовни уметници добија три простории за работа во Безистенот во Старата скопска чаршија. Трите ателјеа кои Друштвото на ликовни уметници на Македонија ги доби минатата година од Владата ќе може да ги користи во наредните десет години. ДЛУМ вложи големи средства и напори за реновирање на трите простории, од кои едната ќе е кафе-галерија каде што ќе се пласира сработениот материјал, и две ателјеа за работа, кои ќе им се доделуваат на уметниците преку конкурс. Уметникот ќе го користи просторот од три месеци до, најмногу, една година.



Доделувањето на просториите од Безистенот на ДЛУМ е резултат на активностите на Владата за промоција и за повторно заживување на ова заштитено културно градско јадро во Скопје. „Очекуваме проектов да ги врати сјајот и убавината на стариот Безистен, кој своевремено беше собиралиште на домашните ликовни творци, а последниве години ја загуби таа функција", ни рече Тања Балаќ, претседателката на ДЛУМ. На свеченото отворање в петок (21ч.), ќе се одржат повеќе настани, како изложбата на Симонида Филиповска - Китановска во "Галеријата 8", видеопроекција на Алкесандар Гроздановски, како дел од проектот "Скопски урбани приказни", театарски перформанс на "Театар 007" и диџеј-перформанс на Костадин Шурбановски.

Добра мисла

I feel however, that we architects have a special duty and mission... (to contribute) to the socio-cultural development of architecture and urban planning.

Kenzo Tange


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 87 гости присутни