„Простор-Пејзаж“, Мала станица - Анет Хрст

Арт

Изложбата „Простор-Пејзаж“ на германската уметница Анет Хрст во среда, 18 ноември, ќе биде отворена во мултимедијалниот центар Мала станица. Анет Хрст е родена 1962 година во Штутгарт, Германија. Дипломирала на академијата за ликовни уметности во Минстер. Досега реализирала 13 самостојни изложби во Германија и САД, учествувала на повеќе групни претставувања во Германија, САД, Италија, Македонија, а изложбата во Националната галерија на Македонија е нејзина прва самостојна изложба во Македонија.

 

Изложбата се состои од повеќе објекти, изработени главно од картон, на кои уметницата работела дополнително со масло, креда, графит, молив, акрил и водени бои. Овие материјали се всушност предмети од нејзиното опкружување - кутии за мебел, кутии од млеко... Хрст ја воведува техниката парање што таа исто така ја смета за форма на „индиректно цртање“. На овој начин Анет Хрст со намера го интегрира аспектот на можност, начинот на кој картонот сам по себе развива свои уникатни форми при процесот на кинење.... Сето ова се случува на еден тивок начин и со еден ограничен избор на бои, кој е, пак, одреден од пастелните тонови на бела, сина, зелена, кафеава и сива.



Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија и Амбасадата на СР Германија во Скопje.

:::Форум

Добра мисла

Even though I build buildings and I pursue my architecture, I pursue it as an artist. I deliberately keep a tiny studio. I don't want to be an architectural firm. I want to remain an artist.

Maya Lin


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 86 гости присутни