Во НГМ - Мала станица, вечерва во 20 часот ќе се отвори изложба на слики од Стефан Хаџи-Николов.Како што информираат оттаму: "Најновите слики на Хаџи-Николов, како и претходните, претставуваат апсолутна хипостаза на женското тело, на неговата телесна убавина и еротска сензуалност. Тој сега својот ликовен предмет - женското тело го поставува во поимите какви што се минливост и вечност, архаичност и современост, класичност и модерност.
Амбиентот е јасно просторно и временски дефиниран, а женското тело е поставено во нов ентериер како изложбениот простор во „Мала станица“ и куќата на Робевци во Охрид во сликите „Утро во Мала станица“, „Езерото кај Робевци“, „Пладне кај Робевци“. Покрај овие, ќе биде изложена и сликата „Миг и вечност 2“, на која покрај античка скулптура е насликана женска фигура од денешното време. Истата слика ќе биде изложена и на годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија во декември. Ликовниот стил на Хаџи - Николов е еден вид на модерен класицизам во кој се проткајуваат и надополнуваат естетското и сензуалното.
Стефан Хаџи-Николов е роден 1955 година, во Скопје. Завршил Педагошка академија - отсек ликовно воспитување во 1975 година, а од 1984 година е член на ДЛУМ. Реализирал повеќе од четириесетина самостојни изложби во земјава и во странство и учествувал на повеќе од 100 групни изложби во земјава и надвор од неа.

:::Дневник
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Charles was very intent to use his years as Prince of Wales to make his mark while he still had freedom of maneuver that he wouldn't have as King. The first subject he really went for was architecture. It made an impact.Anthony Holden