„Моќ против сиромаштија“ - Изложба на студентски плакати

Арт

Во Музеј на град Скопје од утре до 8 декември ќе биде отворена изложба на плакати од Вториот меѓународен студентски конкурс за плакат (МСКП), Скопје, 2009, на тема „Моќ против сиромаштија“ (Power vs Poverty)

Организаторот на конкурсот и изложбата „Плакарт“ од Скопје соопшти дека годинава пристигнале 720 плакати, што е трипати повеќе од минатогодишниот, прв конкурс, на тема „Толеранција“, кога аплицираа 260 плакати.

Од 720-те плакати годинава од 426 автори, во потесен круг влегле 105 плакати, меѓу кои седум се на македонски учесници. Од нив жирито ќе ги избере десетте плакати за награди, а добитниците ќе бидат соопштени утревечер, на свеченото отворање на изложбата.

Седум од десетте награди се почесни, а три се парични - 600 евра за трета, 1.000 евра за втора и 1.500 евра за прва награда, која ја доделува Министерството за култура на Република Македонија.

- Со реализирање на проектот, МСКП успева да ги третира глобалните проблеми, вклучувајќи ги младите уметници од европските и светските универзитети да дадат свое видување и, пред се, решение за него... Улицата е местото на плакатот. Тој е најбрз медиум зашто можат да го видат повеќе луѓе, истакна Лазе Трипков од „Плакарт“ на прес-конференција.

Ладислав Цветковски од Факултетот за ликовна уметност во Скопје, кој е еден од двајцата членови од Македонија во меѓународното жири, истакна дека конкурсот е извонредна можност за младите генерации, потенцирајќи го авторството што во земјава е занемарено.

- Авторскиот плакат е искажување конкретен став, што кај нас речиси го нема. Студентите се послободни во искажувањето на ставовите, рече Цветковски, додавајќи дека жирито има тешка задача да ги избере трудовите за награда, бидејќи пристигнале одлични решенија на зададената тема.

Покрај Цветковски, член во жирито од Македонија е и Гадњим Мехмети. Членуваат и проф. Лех Мајевски, претседател на Варшавско биенале (најстарото светско биенале за плакат) и почесен претседател на МКСП, светски познатиот дизајнер Дејвид Карсон, Радован Јенко, професор од Академијата за уметност и дизајн во Љубљана, Димитрис Арванитис од Грција и Јустина Черњаковска од Академија за убави уметности во Варшава.

Во организацијата на Вториот меѓународен студентски конкурс за плакат годинава се вклучија и Музејот на плакат во Варшава и Чешката академија на дизајнери.

По претставувањето пред македонската публика, од јануари ќе почне турнеја, насловена „Караван на сиромаштијата“, со изложби во Прага, Варшава, Љубљана и во Париз.

Минатата година „Плакарт“ го организираше Првиот меѓународен студентски конкурс за плакат на тема „Толеранција“, а изложби на плакатите покрај во Скопје беа организирани и во Варшава, Прага и во Истанбул.

Третиот конкурс на меѓународниот студентски конкурс за плакат ќе биде објавен во почетокот на 2010 година.





Архитект.мк
Игор Василевски


Добра мисла

I was a student at Columbia College, actually, in the Architecture school. Paul would drive in from Queens, showing me these new songs. I can't remember us working it out.

Art Garfunkel


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 84 гости присутни