Апстрактната фотографија не е ништо ново, но луѓето постојано доаѓаат до нови, или пак ги реинвентираат старите откритија и начини на фотографски техники.
Најдобар начин да се добие „чиста“ фотографија од чад е да се користи еднобојна околина со светло кое може да се контролира. На пример, некое студио би било идеално, но можете и да снимате вакви фотографии насекаде каде што е можно да се закачи црно платно како позадина.

Најважното нешто во фотографирањето чад е доволната количина светло за да се замрзне движењето на чадот во воздухот. Ова можете да го направите со употреба на голема количина светлина (директна сончева светлина која паѓа низ прозорецот) или со употреба на еден или повеќе блицови.

Кога ќе го фотографирате чадот, мора да се осигурате дека никакви зраци светлина нема да се наоѓаат или да поминуваат пред леќите на вашиот фотоапарат (ова може да предизвика отсјај или ефект на одблесок), ниту на вашата црна позадина (бидејќи тоа може да ја истакне позадината, што исто така е непожелно).

Кога ќе фотографирате, најлесно е да му дозволите на чадот да се крева според сопственото испарување. Наместо да се обидувате да манипулирате со тоа, пробајте да направите некои движења во воздухот кои би го нарушиле неговото рамномерно кревање.

Можете, исто така, да создадете интересни облици со предизвикување турбуленции на рамномерното кревање: обидете се со линијар, лажица или лист хартија за да го менувате обликот на чадот.








::: Okno
| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
I don't believe in morality in architecture.Michael Graves






