Денес, со почеток во 19,30 часот во Изложбениот салон на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово ќе биде отворена изложба на слики и мозаици на академскиот уметник Александар Филев од Струмица. Изложбата се реализира како резултат на долгогодишната успешна соработка и размена на програмски содржини помеѓу Националната установа Центар за култура „Антон Панов“ - Струмица и Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово.
Александар Филев е роден 1982 во Струмица. Своето образование го започнува во средното Училиште за применета уметност „Лазар Личеноски“ - Скопје за да продолжи на Факултетот на ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство со конзервација и реставрација во класата на проф. Благоја Маневски. Од 2001 г. е асистент во отвореното студио за современ мозаик кое работи под менторство на проф. Газанфер Бајрам и е 17 години во рамките на Меѓународната струмичка ликовна колонија. Учествува во изработката на монументалните мозаици во Мемориалниот центар во с.Пелинце, како и во повеќе ликови проекти и групни изложби меѓу кои:
- 2004/5 Годишна изложба на ДЛУС, Струмица
- 2005 VI студенско интернационално арт биенале, Музеј на град Скопје
VII студенско интернационално арт биенале, МСУ - Скопје
- 2006 “Млади сликари“, Уметничка галерија “Безистен“ во Штип
- 2007 Самостојно излага во Националната установа Центар за култура “ Антон Панов “ - Струмица
- 2009 Bracciano "Mozaico Oggi" - Р. Италија - добитник на награда за успешно мозаично решение.
Неговите дела се наоѓаат во многу приватни и државни збирки и институции меѓу кои и во Меѓународната струмичка ликовна колонија, Музејот за современ мозаик Bracciano - Италија но и како мозаични решенија на повеќе сакрални објекти. Оваа изложба беше промовирана и во Македонскиот културен центар во Софија, Р.Бугарија а во Куманово ќе биде поставена во наредните десетина дена.

| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Architecture tends to consume everything else, it has become one's entire life.Arne Jacobsen