Во тек е самостојната изложба на академскиот уметник Зоран Арсовски од Куманово која е поставена во галеријата на центарот за култура "Марко Цепенков" во Прилеп. Изложбата ќе трае до 15 јануари 2010 год.Зоран Арсовски е роден 1980 во Куманово има дипломирано и магистрирано,сликарство на Националната ликовна Академија во Софија во класата на проф.Божидар Бојаџиев и проф. Станислав Памукчиев.
Во претставената ликовна продукција не постои дело кое не раскажува некоја приказна или промовира некоја идеја од секојдневниот живот, мисловното е секогаш пред насликаното и последователно и перманентно се материјализира во сликарските артефакти на Зоран Арсовски.За уметникот Арсовски може да констатираме дека тој е еден од младите современи академски уметници,кои се во фокусот на македонската и странска ликовна сцена.
Арсовски има учествувано на повеќе мегународни изложби и ликовни колонии во земјава и старанство. Конципирајќи ја својата самостојна изложба, како збирка од дела коишто говорат со еден сликарски полилингвизам, притоа демонстрирајќи ги своите креативни можности и широки техничко-изведбени познавања.
Во својата уметничка кариера прави обид за исчекор со еден пристап кој е невообичаен за младите уметници. Храброста на авторот своето актуелно творештво да го презентира во неколку целини кои меѓусебе навидум не се поврзани може да се разбере како желба за што поцелосна презентација но и како естетска провокација којашто треба да предизвика полемика.Токму таа интеракција на релацијата уметник-дело-конзумент е основната идеја на Зоран Арсовски, почетна точка во неговото творештво и завршна одредница во неговата реализација. Во претставената ликовна продукција не постои дело кое не раскажува некоја приказна или промовира некоја идеја од секојдневниот живот, мисловното е секогаш пред насликаното и последователно и перманентно се материјализира во сликарските артефакти на Зоран Арсовски.За уметникот Арсовски може да констатираме дека тој е еден од младите современи академски уметници,кои се во фокусот на македонската и странска ликовна сцена.
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
At this present time, matter is still the best way to think of architecture, but I'm not so sure for very long. The computer is radicalizing the way we think about our world.Ben Nicholson





