Мортеза Катоузиан е роден на 3 јули 1943 во Иран. Се смета за еден од најголемите сликари на ова време, а неговиот живот богат со спротивности го прави уште покарактеристичен и секогаш интересен за проследување. Неговата животна приказна почнува класично сликарски, како дел од семејство на средна класа, немал можности за заминување надвор од земјата и совладување на ликовните вештини, па затоа одлучува сам да ги совлада.
Се занимава со сликарство од неговата 6-та година, а професионално почнува да работи во 1960 година, кога ги прави првите графики и платна. На почетокот истражува во делот на графиката, дизајнот, прави разно разни лого-а , брошури, постери, насловници за книги и слично. Интересно е тоа што во неговата младост, паралено со уметноста, многу сакал да спортува, а највеќе го привлекувале боречките вештини, поточно каратето. Тој воедно е и првиот ирачанец кој има добиено титула црн појас, мастер на карате 7ми Дан.
Како и да е, неговиот ликовен творечки опус, светот го осознава за време на меѓународната изложба „Гладна Африка“ , што се одржа во Техеран во 1974 година. Во годините што следат создава прекрасни уметнички дела кои што ги изложува насекаде низ светот. Неговиот 50 годишен творечки опус и 30 годишно предавање на факултетите за уметност ширум светот, беа забележани и од УНЕСКО кои му доделија посебна награда на 18 јуни 2008 година. Неговите слики се приказни за иранскиот човек. Сензибилитетот,мудроста и маката кај секој од нив може лесно да се прочита и длабоко да се ужива во стилот и начинот на кој што овој автор ги има споделено со светот.

[ Мортеза Катоузиан ]
Архитект.мк
Игор Василевски
Игор Василевски
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Does an architecture to assuage the spirit have a place?Arthur Erickson