Изложба на Коле Манев во галеријата „Око“

Арт

Со изложба на Коле Манев, денеска во 19 часот и официјално ќе биде отворена приватната галерија „Око“. Ќе бидат изложени 24 слики продолжение на авторовиот циклус „Спокој и неспокој“.


Сместена на срцето на градот, на улицата „Македонија“ новиот изложбен простор во Скопје има за цел да постави современи технички и естетски стандарди во презентирањето на ликовната уметност во земјава.

Галеријата во својот простор ќе ги обедини делата на доајените на македонската ликовна уметност и на помладите автори.

Ликовниот живот „Око“ го започнува со самостојната изложба на Коле Манев, а во следниот период свои поставки ќе имаат Глигор Чемерски, Стефан Хаџи Николов, Венјамин Хаџи Наумов, Сергеј Андреевски, Илија Пенушлиски...

Мисијата на изложбено-продажниот салон „Око“ е водена од автентичноста и оргиналноста на уметничките дела и нивно приближување до домашната публика.

Галериското презентирање во „Око“ ќе ги следи светските критериуми и ќе се обиде да ги наметне во културниот живот на Скопје.

::: Утрински

ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

I don't see that any buildings should be excluded from the term architecture, as long as they are done properly.

Arne Jacobsen


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 53 гости присутни